логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
  
Во македонската музика постојат повеќе примери во кои совршено се врзани поезијата и тонот. Најголем дел од нив припаѓа на современата класика. Во поновата македонската музичка продукција, и тоа онаа што свесно одбра на инвентивен начин да и се обрати на публиката, има неколку исклучително добро инкорпорирани примери на поезија во музика   
   
  
Кочо Рацин и Блаже Конески кај „Фолтин“. Петре М. Андреевски кај „Љубојна“. Константин Миладинов кај „Мизар“. Хармс, Пастернак и Мајаковски кај „Архангел“. Полека и сигурно домашна и светската поезија влегуваат во македонската музика продолжувајќи ја врската што отсекогаш постоела меѓу овие две уметности.

Синкретизмот во музиката датира уште од антиката. Хомеровите епови оригинално се изведувале со инструментална придружба. И во грчките трагедии музиката била составен дел од текстот. Еврипидовиот „Орест“ секогаш се изведувал со музички фрагменти, исто така и „Ајкс“ на Софокле. Зборот се врзувал со музика отсекогаш.

Интегирањето на зборовите на поетите во музиката речиси секогаш и давало дополнителна калоричност на содржината. Совршената симбиоза на зборот и на тонот се пресудни во креирањето на врвен безвременски и универзален уметнички производ. Без разлика каква е жанровската рамка на синкретичното дело.

Во македонската музика постојат повеќе примери во кои совршено се врзани поезијата и тонот. Најголем дел од нив припаѓа на современата класика. Најшироко прифатената поп-музика не го практикува тоа - ни често ни вешто, за разлика од искуствата на 1970-тите години кога зборовите од песните на домашните поети биле зајмени и за класични и за шлагерски изведби.

Јас сум еден од среќните поети, вели Михаил Ренџов.

- Среќен сум што моите стихови беа озвучени и оживеани од повеќе композитори, меѓу кои Петре Богданов-Кочко, кој и припаѓа на првата генерација македонски композитори, како и од Ристо Аврамовски, Михајло Николовски, Стојан Стојков, Љубомир Бранѓолица. Поезијата и музиката се надополнуваат една со друга како уметности. Тоа е една прекрасна творечка симбиоза. За жал, тоа не е случај во забавната, популарна музика. Овие автори многу ретко ги користат стиховите на македонските поети. Тука Македонија се разликува, на пример, од соседна Грција, Франција и од другите земји, каде што потката на музиката најчесто е поезијата на врвните поети - вели Ренџов.

Музиката како глобален феномен може да придонесе во популаризацијата на поезијата доколку се направи вистинска симбиоза меѓу овие две уметности.

За жал, тоа ретко се случува, особено во најширокоприфатената поп-музика, каде што баналноста на текстот најчесто е придружна референца на музичката содржина со сомнителна естетика. Ретки се примерите на добро изработена музика и „интелигентен“ текст. Најчесто зборот се занемарува на сметка на музиката.

- Денес кога се пишува музика најмалку внимание му се посветува на текстот. Најчесто текстот е сериски, важна е само музиката. Со оглед на тоа какви банални текстови слушаме како „придружен“ материјал на забавната и на поп-музиката, подобро и да не ги разбираме и комплетно да ги апстрахираме. Мислам дека со феноменот на глобализацијата се надмина и значењето на текстот во музиката - смета композиторот на класична современа музика Александар Лековски.

Меѓутоа, неговото значење не може сосема да се маргинализира.

- Не може секоја поезија музички да се оживее. Поезијата мора да биде музикална - вели Ренџов.

Поезијата на постарите генерации македонски поети, за разлика од современата поезија, е поподатна за компонирање музика. Така, на пример, песните на Ацо Шопов, Блаже Конески и на Анте Поповски најчесто се користеле за повеќе класични композиции и за популарните шлагери од 60-тите години. Современата постмодерна поезија, пак, бидејќи не подлежи на востановен или стандарден систем на пишување поезија, ретко станува подлога на музички дела. Иако, поради својата наративност, можат да ја користат авторите на хип-хоп или рап-музиката.

Разликата меѓу текстовите што се употребуваат во т.н. популарна музика и во класичната музика се манифестира преку целната група, односно преку аудиториумот за кој се наменети, смета Сони Петровски, композитор на современа класична музика.

- Во тој поглед популарните текстови, па и музиката, претставуваат крајна симплификација на техниките и на формите што се употребуваат во уметничките текстови и во уметничката музика. Тоа, секако, не укажува на вредноста на некои производи, но сферата на популарните насоки е подостапна за нови луѓе и тука е тешко да се воспостават заштитни механизми од личности што го доведуваат во прашање севкупниот професионализам или аматеризам - вели Петровски.

Според него, уметничките текстови постојат сами за себе, додека популарните во голем број случаи се пишуваат за конкретна музика.

- Опасноста од ваков процес се јавува поради непознавањето на музичките средства и нивната семантика. Со тоа целиот процес станал занает во кој не може да се зборува за уметнички вредности, туку само за вредности на индивидуални вкусови - вели тој.

Во поновата македонската музичка продукција, и тоа онаа што свесно одбра на инвентивен начин да и се обрати на публиката, има два исклучително добро инкорпорирани примери на поезија во музика.

Везилке, везилке,
кажи како да се роди
проста и строга
македонска песна
откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој

Мотиви од „Везилка“ на Блаже Конески и „Ленка“ на Коста С. Рацин искористија битолчаните „Фолтин“ во својот нов албум „Ова трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“. Деликатната поетска структура на поезијата од Конески и од Рацин „Фолтин“ ја трансформираа во моќен музички амалгам. Се обратија на пошироката публика преку антологиската поезија на два исклучителни македонски поети инкорпорирајќи го вешто нивниот збор во современа музичка рамка.

- Поезијата на Конески и на Рацин спонтано се најде во нашиот нов албум. Не беше ништо смислено однапред, суштински се надоврза на нашата потреба и постојано трагање по тоа какви песни треба да пишуваше. Трагавме по сржта на македонската песна и ја пронајдовме во поезијата на Конески и на Рацин - вели Бранислав Николов, вокалист и гитарист во „Фолтин“ и автор на текстовите.

„Фолтин“ и во поранешните албуми користеа фрагменти од поезија и проза.

- Во текстовите што ги пишувам често има цитати и фрагменти од поезија и од проза. Сум користел фрагменти од француска, ренесансна поезија. Сепак, мора да потенцирам дека никогаш не сме го форсирале овој сегмент во музиката на „Фолтин“, повеќе тоа било од аспект на себеоблагородување. Сме го правеле тоа за да си ја облагородиме душата - вели Николов.

Поезијата на Петре М. Андреевски ја озвучија и „Љубојна“ во својот нов албум „Песна за мојата песна“, кој сé уште е во подготовка. Ова е прво отелотворување на безвременската поезија на Андреевски во музика.

- Голем предизвик е да се создава музика врз веќе напишаната поезија. Особено врз една совршено избалансирана и жестока по чувство, како онаа на Петре М. Андеевски - вели Вера Милошевска од „Љубојна“.

Она што е многу важно за поезијата и за музиката е фактот дека потекнуваат од типичната емотивна и ментална состојба на еден народ. Но, сепак, во себе носат еден и универзален код, вели вокалистката на „Љубојна“.

- Мајсторијата е во тоа кога, апсорбирајќи го целокупното творештво на еден народ, индивидуалниот творец ќе го разоткрие и ќе го препознае тој код и ќе го трансформира преку својот личен израз во едно современо дело. Тоа е големината на Петре М. Анреевски. Неговата поезија на тој начин станува СЕВРЕМЕНСКА. Од локална станува универзална. Разбирлива за секого. Во таа смисла неговата поезија ни стана многу блиска. Бидејќи музиката на „Љубојна“ како идеја е втемелена врз изговарањето на музиката преку универзален јазик - вели Милошевска.

Ретките, но исклучително добри примери на успешен спој на поезијата и музиката треба да ги охрабрат младите музичари почесто да посегнуваат по богатата ризница на македонската поезија. Зашто добриот зборот преточен во музика е посилен од неподносливата баналност на текстовите што доминираат и што ја гушат домашната сцена.
  
   
Автор: Ангелина Димоска  -Нова Македонија
 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1207
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1528
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная