3.angeli.so.truba 
 Н. Е. Џанг Ѕуо,
Амбасадор на Народна Република Кина

  3.angeli.so.truba

 

Значењето на хармоничниот соживот на

верскиот плуализам во Кина

3 дел

 

3.angeli.so.truba



(4) Раздвојувањето на политиката и религијата е железен закон за хармоничен соживот на различните религии во Кина.


Од античко време во Кина има идеологија - „Интеграција на човекот во природата и природа во интеграцијата на човекот“, која покажува, дека барањето за единство меѓу идеологијата и законот има долга историја. Легалистот Хан Феизи предложи дека „Работите може да се завршуваат од помошниците, но главните права мора да бидат во рацете на државен раководител. Кралот мора да го држи клучот на властa, а помошниците само да доаѓaат за да му помагаат“. Идеологијата е широко прифатена од тогашните и наредните династии и постави теоретска база за изградбата на една комбинирана Кина.


Во историјата на кинеското секуларно општество, императорот често се сметал за „син од небото“, а правото на императорот било „доделено од небото“. Меѓутоа, во односот помеѓу секуларната власт и религиозната теократија, централните влади на сите династии на Кина секогаш биле на ставот дека теократските и религиозните сили не можат да се мешаат во владеењето, кое е стабилен закон. Но, од друга страна, централните власти се стремеле кон реализирање на хармонија меѓу државата и црквата, врз основа на меѓусебното раздвојување. На пример, за време на династиите Јуан, Минг, Чинг и Република Кина, тибетските будистички монаси патувале во копнeниот дел на Кина за верски активности. Владата била многу учтивa, но строго им забранила на жителите да веруваат во нивната религија.


Од мирното ослободување на Тибет во 1951 година, централната власт ги почитува верските верувања и обичаи на тибетскиот народ. На 10 март 1959 година, тибетската реакционерна горна група, предводена од Далај Лама, започна вооружена контроверзија за поделба на татковината. Со активна поддршка од мнозинството локални луѓе, превирањата се смирија. Од тогаш, во Тибет целосно го укина феудалното кнежество и почна раздвојување на религијата од политиката, исто така и религиозната слобода. Државата ги заштитува нормалните верски активности, инвестира во заштитата на храмовите и културните пунктови. На пример, добро познатата палата Потала, храмот Даџао, храмот Џашлунпо и други единици, се под заштита на национално ниво. Централната влада ја поддржува будистичката заедница да објавува важни будистички текстови на тибетски јазик, да гo поддржува отворањето на Институти за тибетски јазик во Пекинг и во Лахаса. Може да се каже дека тибетската култура и религија влегоа во нов период на развојот.


Уште во 60 година п.н.е., за време на династијата Шихан (202г. п.н.е.-220г.) ја отвори „Духофу„ во западните региони, вклучително и Ксинџијанг, кое означува дека Ксинџијанг беше официјално вклучен во територијата на Кина. Кинескиот јазик оттогаш стана една од лингва франките во официјалните документи во западните региони. Оттогаш наваму, централните власти на разните династии постојано ja зајакнуваа својата контрола во западните региони. На пример, за време на династијата Танг, се спроведува посебен систем на управувањето кај етничката група Хан и кај малцинските групи. Во некои области со етничките населби била формирана локална управителна организација, која била овозможена да управува од локалните луѓе со локални обичаи.


Поставената во династијата Јуан (1271г.—1368г.) провинција Лингбеј вклучува дел од Ксинџијанг и дел од монголската империја. Размената помеѓу различните етнички групи биле многу активни. На пример, за да се вклучуваат во општествениот развој на Кина, Ујгурите, главниот дел од своите предци биле Хујчи од династиите Суи и Танг, си го смениле името во Хујху, кое означува „заштита на сплотеност”. Тоа име на кинески се чита „ујгури”, кое е доказ, дека само комбинирањето меѓу религијата и културната средина, ќе може да донесе до иднина и развој.


Од основањето на Народна Република Кина, правото на слободно верско верување е заштитено од Уставот и законите, кои се и во согласност со главната содржина на меѓународните документи и конвенции. Во „Конституцијата“ на Кина јасно се вели, дека „Граѓаните на Народна Република Кина имаат слобода на верско уверување“. Владата извршува управување со верските работи, кои се однесуваат на  национални, социјални и јавни интереси, во согласност со законот, со цел да осигурува дека ниту една организација или личност, не може да ја користат религијата во нарушување на социјалниот поредок, да го оштетуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните, да ги оштетуваат националните, социјалните и јавните интереси и легитимните права на граѓаните, се разбира и со цел гарантирање на верските активности да не се под влијание од странски сили.

 

3.angeli.so.truba
(5) Заеднички и паралелен развој е закон за хармонија во кинеските плурални религии.


Конфучијанството се залага „сите нешта може да живеат заедно, без да се оштетуваат едни со други”. Заедничкиот и паралелен развој станува закон за хармоничниот соживот на различните религии во Кина. Се разбира, од една страна се поддржува хармоничниот развој, а од друга страна властите буднo го следат преголемиот раст на нивните сили. Кога верските сили претерано се прошириле, дури создаваjќи закана за политичката стабилност, биле нанесени тешки репресивни мерки. Како резултат на тоа, во Кина не се случиле големи конфликти или војни причинети од религиите.


Во историјата се случил инцидент, кој вели „Уништување на Будизам од 4 кинески императори”, кој е типичен пример зa кршење на хармонијата меѓу развојот на религијата и општествениот развој. За време на раководството на императорот Таиу, династија Бејуеи (4век – 5век), ширењето на Будизмот било пребрзо. Се повеќе луѓе станувале монаси, дури немалo доволнo војници. Освен ова, премногу храмови зафатиле земјиште, а даноците значително се намалиле. На крајот причинило „уништување на Будизмот“. За време на другиот император Вен Ченг, тој ја сменил политиката против Будизмот, и тој повторно се развил. Во минатото, сите династии се спротивставиле и тој се распаднал на култови. Будизмот бил наречен „демони“ во династијата Хан, „еретици“ за време на династиите Суи и Танг, „Ѓaвол кој јаде зеленчук“ во династијата Сонг, „левичарски хаос“ во династиите Јуан и Минг.


Во однос на верските организации и религиозните активности на етничките малцинства, централните власти од сите династии имаат крајна линија, a таа е да биде во корист на заштита на единството на татковината и да ја почитуваат централната команда.


На пример, од 4-тиот век п.н.ер. од 18-ти век, во Ксинџијанг дошле најразлични религии. Во 1 век п.н.е, влегол Будизмот; oд 4-ти од 10-ти век, се ширеле мачеништвото, Таоизмот, Манихаизам и несторијанизам (христијански несторијци) и Исламот. Потоа, од 16-ти дo 18-ти век, популализирале тибетски будизам, Христијанството, католицизмот и православната религија. На овој начин во Ксинџијанг е оформена религиозната структура, со доминацијата на Исламот, и сe соживува со разни други религии и продолжува до ден-денес.


Како резултат на тоа, во 90-тите години на 20-ти век, се појавуваат сепаратистичките сили, религиозните екстремни сили и насилните терористички сили во Ксинџијанг. Врз основа на законското владеење, кинеската влада решително им нанесе удар. Истовремеno, користејќи меѓународни ефективни методи за борба против тероризмот и дерелигискиот екстремизам, во согласност со фактичката состојба на Ксинџијанг, таму e формиран центар за едукација и обука за стручни вештини, со помош на процедурата „студирање на 3 работи и да најде работно место“, ги организираат локалните жители да учат кинески јазик, право и стручни вештини, за да најдат работа и да печалат за живот, а да не мислат na терористички дејности. Планот продолжува со години и постигна очигледни резултати. Во Ксинџијанг, кој бил повреден од тероризам долги години, немало насилни терористички инциденти долго време, а основните права, како што e правото на спокоен живот, здравје и правото на развој на луѓето на локалните етнички групи, биле ефикасно загарантирани.


Заедничкиот и паралелен развој на различните религии се манифестираат сo фактот дека религијата мора да се прилагоди на општеството во кое живее. Во моментов, кинескиот народ гради модерно општество со кинески карактеристики. Во текот на овој период, развојот на религиите мора да се прилагодат на целта на народот, тоа исто е побарано од кинеската влада. Тоа барање не означува, дека мора да се сменат или да се откажат од своите верски доктрини, туку се бара религиозните дејности да ги извршуваат во рамките на законите, да се прилагодат на развојот на општеството и напредокот на цивилизацијата. Сeтo oва е во основните интереси на верскитe лица и на самите религии.

 3.angeli.so.truba

 

Продолжува...

 

Скопје, 29ти март 2020 год.

 

 

 Друго:

3.angeli.so.truba

 

3.angeli.so.truba