логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

 

apostol.Timotej.jpg

АКО ЗАМИНУВАШ- ЗАМИНУВАЈ

Да потрчиме во покајание!
Преподобен Симеон Нов Богослов

Суштината на прашањето

Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сè; туку е под настојници и чувари до определениот рок од татка си.

Галатјаните 4:1-2

Напуштањето на начинот на живеење полн со пороци и заблуди треба да се изврши решително, оставајќи го, без жалење, сето она што е лошо. Процесот на преобраќањето е мошне тежок и понекогаш се чини бескрајно долг. Тој процес може да се спореди со Исходот на Израилот од Египет. Мојсеј со својот народ талкал низ пустињата четириесет години, додека не изумреле сите оние што биле родени во Египет и воспитувани во ропство. Така и во душата треба да умрат сите поранешни страсти и гревовни навики. Дури тогаш таа ќе може да влезе во Ветената Земја.

„Интервалот меѓу свртувањето кон патот на заповедите и слободното чекорење по него минува во полугорчлива и полурадосна, полужива и полумртва состојба. Кај едни, тој интервал е подолг, кај други пократок; но присутен е кај сите“  констатира св. Теофан Затворник.

„Човекот може во еден миг да се прероди во срцето. Но, дури и неговото срце да се допрело до новата Тајна, потребно е време разумот да се навикне со сите негови школски и животни навики  да живее во присуство на Тајната. Пречекорувајќи го црковниот праг, човекот ги внесува со себе и многубројните стереотипи за чие постоење дури и не е свесен. А потоа потсвесно почнува  дури и во случај ако му се чини дека воопшто не се занимава со богословие  да го извртува искуството на своето срце и искуството на Евангелието во познати шеми на претходните идеологии“.

Навистина, човек може да се чувствува како полноправен член на Црквата макар што, во вистинска смисла на зборот, не ги доживеал сериозните борби со внатрешните страсти [споредете: „Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв“ (Евреите 12:4)]. Гледајќи на сите нешта во розова светлина, тој чита активно светоотечки книги, но сè уште не умее напишаното да го примени на себе. И макар што сè уште не згаснал огнот на благодатта што повикува, душата во прво време не го препознава преобразувачкото дејство на Светиот Дух, што се достигнува дури по голем труд. Тоа е веќе нов човек по име и по повик, но стар по своето душевно устројство. Ослободувањето на наследникот (духот) од ропството на туторот (душата) и домаќинот (телото), за оној што се труди на нивата Христова, е одложено до времето определено од Отецот. „Виното во почетокот на своето созревање ферментира. Тоа е образ на нов почеток, кој овозможува промена и јакнење додека не се добие нова содржина“ рекол преп. ава Исаија. Слични мисли може да се сретнат и кај световните психолози. На пр., К. Г. Јунг забележал дека човековата психологија не се менува брзо, па дури и во случај човекот коренито да ја промени надворешноста на својот живот.Секој верник знае дека нашата борба треба да се води со светот, со плотта и со ѓаволот. Но често се случува гревот цврсто да срасне со човекот, станувајќи гревовна навика. Тогаш процесот на преобразба станува долг и болен. И ако, според зборовите на преп. Варсануфиј, грешките на светиите во голема мера може да се објаснат со влијанието на нивното претходно опкружување, образование, навики, дотолку повеќе новообратените го носат во себе тешкиот товар на искуството од минатото, коешто во голема мера го определува нивното однесување.

Благодатта не го менува карактерот, вели преп. Макариј Египетски. Карактерот попрво се преобразува со Божјо дејство во душата на човекот. Таа мисла мошне добро се илустрира преку животот на преп. Амвросиј Оптински. Тој изминал тежок пат на монашки искушенија, чекорел по патот на старчеството, го имал плачот како дар, но при сето тоа го задржал својот весел карактер. Такво е зачудувачки грижливото, просветлувачко дејство на благодатта. Само, тој веќе не се шегувал за световното, и не за да се провесели, туку некого да го поддржи, утеши, зајакне.

Човекот е должен да го задржи и да го умножи сето добро што било во него пред влегувањето во Црквата.  „Знајте, дека карактерите имаат значење само на човечкиот суд, и затоа или се пофалуваат, или се осудуваат; но на судот Божји карактерите, како и природните својства, ниту се одобруваат, ниту се осудуваат. Господ гледа на добрата намера и на наклонетоста спрема доброто, и го цени спротивставувањето на страстите...“  тврди истиот оптински старец.

При воцрковувањето не е неопходно отсекување на стекнатите навики и квалитети на душата, туку преобразба. Така, гневот не е штетен и гревовен сам по себе, туку е штетно неговото неправилно користење  против ближниот. Гневот има и позитивни функции, кога е насочен против страстите и против демонските сили. Зашто, во православното поимање страстите не се туѓи сили коишто дошле во нас од надвор и коишто треба да ги искоренуваме, туку попрво „енергии на душата коишто се повредени и на кои им е потребна преобразба... Во аскетското богословие страста се определува како противприродно движење на силите на душата“.

Напоредо со усвојувањето и со освојувањето на основите на побожноста, оној што влегува во Црквата мора да го разбере и својот душевен живот. Мора да го согледа со непристрасен поглед сето она што се насобрало во претходните години. Без какво и да е сомнение, тоа не е процес што се случува во еден миг, и колку подлабоко и поуспешно е покајанието, толку е почист погледот на човекот на светот што го опкружува, на луѓето и на самиот себе.

„Христијанскиот духовен живот расте постепено, органски се развива заедно со растењето на душата, и затоа се потребни постојани, непрекинати, долги усилби на волјата. Прекумерните усилби можат единствено да предизвикаат негово напнато вештачко растење или, како што велат лекарите, хипертрофија, а тоа, дури и да не ги погуби неговите сосема млади зародиши (што често се случува), тогаш во секој случај ќе се пројави со мошне штетни последици“  предупредува свештеномаченикот Василиј Кинешемски. Ако, пак, човек се зафати со аскетски правила пред да ги реши своите душевни проблеми, тој се обидува да изгради дом без да постави темел, зашто „не иде прво духовното, туку душевното, а потоа духовното“ (1 Коринтјаните 15:46). Судбината на градбите на песок им е позната на сите (погледнете Матеј 7:26-27).

Христијанството не го расчовечува човекот. Уште во вториот век св. Иринеј Лионски рекол дека гревот на луѓето (дури и на оние првите) се состои во тоа што „тие, пред да станат луѓе, сакале да станат богови“. „Без да ја минеме школата на човечката чест и пристојност, воспитаност и човечност  како можеме да зборуваме за обожение!“ Навистина, духовната љубов не може да опстане во душата во која сите нешта се поставени наопаку, во која царува дисхармонија и во која нема потчинетост во смисла на „само едно е потребно“ (Лука 10:42). А од гледна точка на еден психолог, тоа, всушност, е пројавување на аномалиите на личноста, на неправилен развој на одделни црти и својства на карактерот. Согледувањето на патологијата (болеста) на својата душа, претставува почетна фаза на движењето по вистинскиот пат: од душевното кон духовното, што не може да се постигне без истрајни настојувања.

Во идеален случај, својствата на нашата душа треба да се дополнуваат едни со други, создавајќи хармоничен ансамбл. Атрофијата или непропорционалнот развој на некои од тие својства води кон формирање на дисхармонична личност. На пример, волјата може да ослабне (слабоволие), сосема да атрофира (безволие), или изопачено да се насочи кон достигнување на очигледно неморални или малку значајни цели. Во иста мера е штетно и екстремното развивање на душевните сили: вообразбата, емоциите и сл.

Секако, мошне важна улога во процесот на формирањето на личноста имаат усилбите на самиот човек. Сè што правиме остава отпечатоци врз нашето битие. Мислите, чувствата, работата на духот проникнуваат и низ телесната обвивка. Дури и лежењето има свое значење, бидејќи секое дејство или бездејство, кога и да е, добива своја смисла. Завршната оценка на секој битиен акт ќе биде дадена во вечноста. „Кога телото умира, останува само нераспадлив, вистински човек, кој го избрал најдобриот или најлошиот начин да го искористи својот материјал.“Согледувајќи се самите себеси со поглед вооружен со толку моќен инструмент каков што е православна антропологија, треба да научиме да живееме со самите себе, знаејќи дека само истраен труд и милост Божја можат да ја доведат душата до хармонија.

+++

а.Да си спомнеме дека од страна на Црквата е отфрлено не само учењето на пелагијанците, туку и некои ставови на блаж. Августин, кој сметал дека по падот во грев во човекот не може да има ништо добро.

 (Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издава : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган; м-рЗлатко Дивјаковски; Снежана Корнет))

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.

 

Извор

TVITer270

П.П. 2010-02-04 22:27:14

 

 Забелешка:

Книгата можете да ја нарачате

во Издравачка редакција

на Скопска епархија.

Лица за контакт:

Александар- 077 725 639

Даниел- 075 255 180

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1206
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1527
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная