feed-birds

Една жена, многу ги жалела гулабите и зимно време, ги хранела во паркот. Секое утро доаѓала тука со топол леб и им го давала целото парче, истрошувајќи го околу себе. Тоа траело доста време. Еден господин, ја забележал и ѝ рекол:

– Ги храните овие птици, им трошите цел леб, а во Африка има луѓе кои гладуваат…

Жената го погледнала, и му рекла:

– Па, до Африка не можам да го фрлам лебов!

Има луѓе, кои сакаат да расудуваат за реалните проблеми на светот, но реално, не прават ништо. А има и луѓе, кои гледаат дека ближните имаат потреба од помош, и им помагаат.

 

Извор: Прееспанско- пелагониска епархија