логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Изгонувањето Адамово.


Во сабота навечер, на Вечерна, по почетниот псалм (103–от), пеемеː Блажен е оној човекː На Господи, повикав, земаме10 стихириː Од Осмогласникот 3 воскресни, 3 анатолиеви и 4 од Триод, глас 6.

Создателот мој, Господ, откако зеде кал од земјата, со Своето живоносно дување ми даде душа и ме оживеа, и ме удостои на земјата да бидам господар на сè видливо, а и сожител на ангелите. Но лажливецот Сатана, преку змијата, со храна ме измами, и од Божјата слава ме одвои, и на најдолната смрт во земјата ме предаде. Но, како Господар и милосрден, пак повикај ме кон Тебе.


Од боготкаената облека се лишив, кутриот јас, откако Твојата божествена заповед ја прекршив, Господи. По совет на ѓаволот, со лисја од смоква и во кожна облека се облеков. Потоа бев осуден да јадам леб со мака; земјата беше проколната да ми дава трње и боцки. Но Ти, Кој во последно време се воплоти од Дева, повикај ме пак и во Рајот воведи ме.
Рају величествен, прекрасна убавино, од Бога создадено живеалиште, бескрајно веселие и насладо, славо на праведните, на пророците красото и живеалиште на светите! Со шумот на твоите лисја, моли Го Создателот на сите, да ми ги отвори вратите што со престапот ги затворив, и да се удостојам дрвото на животот да го примам и радоста со која порано во тебе се насладував.
Адам, поради непослушност, беше истеран од рајот и лишен од насладата, прелажан од зборовите на жената, и необлечен седеше пред него, плачејќиː Тешко мене; затоа да побрзаме и времето на постот сите да го примиме, слушајќи ги евангелските преданија, за да Му станеме на Христа богоугодни и рајската населба пак да ја примиме.
Славаː глас 6ː Седна Адам пред рајот, и својата голотија редејќи ја, плачешеː Тешко мене, кој со лукава измама бев заведен и соголен и од славата оддалечен! Тешко мене, кој бев гол во сета едноставност, а сега не знам што да правам! Но, о рају, од твојата убавина повеќе нема да се насладувам; повеќе нема да Го видам мојот Господ и Бог, и Создател, зашто во земјата ќе појдам, од којашто бев и земен. Милостиве и Штедре, кон Тебе викамː Мене паднатиот, помилувај ме.
И сегаː прв богородичен од редовен глас (догматик).
Светлино тивкаː Вход.
Прокименː Господ се зацариː
На литијата, како и обично, самогласен на светиот, кому е посветена обителта (храмот).
Славаː глас 6ː Сонцето ги скри своите зраци, месечината со ѕвездите во крв се претвори, горите се исплашија, ридовите затреперија, кога рајот се заклучи. Адам, излегувајќи, со рацете удирајќи се в лице, говорешеː Милостив, мене паднатиот помилувај ме.


И сегаːБогородиченː Подобен.
Таинствено те воспеваме тебе, Богородице Марие, зашто ти стана престол на Големиот Цар, скинија сесвета поширока од небесата, кола на херувимите, повисока од серафимите, свадбена палата на Славата, зашто од тебе се роди Оној Кој е Бог на сите. Него моли Го да се спасат душите наши.


На стиховни, од Осмогласникот.
Славаː глас 6ː Адам беше истеран од рајот со храна; затоа, седејќи пред него, редеше и со умилен глас плачеше и велешеː Тешко мене, зашто настрадав кутриот јас?  Единствената заповед на Господа ја прекршив и од сите добра се лишив! Рају најсвет, кој заради мене беше насаден, а поради Ева затворен! Моли Го Оној што тебе те сотвори и мене ме создаде, да се исполнам со твоите цветови. А Спасителот му одговориː Моето создание не сакам да загине, но сакам тоа да се спаси и до познание на вистината да дојде, оти оној што доаѓа при Мене, надвор не го изгонувам.


И сегаː Богородичен. Сега го отпушташː По Трисвето, отпустителенː Богородице Девоː (3-пати).


УТРЕНА

На Бог Господː тропар воскресен (2-пати), и богородичен.
Обично стихословие и полиелеј, како што беше укажано во Неделата на блудниот син. И Благословен си, Господиː Почнуваме со читање на првата книга од Шестодневот на ( св. Јован) Златоуст. Потоа степена од гласот. Сè што дишеː и утринско Евангелие. Откако го видовме Христовото воскресениеː и псалм 50. Славаː глас 8ː Дверите на покајаниетоː  сегаː По патот на спасениетоː Потоа, глас 6ː Помилуј ме, Божеː Потоаː Мислејќи на мноштвото мои гревовиː
Канони од Осмогласникː воскресен, крстовоскресен, на Богородица на 8, и од Триодот на 6. Творба на Христифор протосинкрит. Глас 6.

Песна 1
Ирмосː Кога Израилот помина пеш низ дното (морско) како по суво, гледајќи го Фараонот гонител како се потопува, викашеː на Бога да Му пееме песна победничка.
Оди, душо моја страсна, плачи денес за твоите дела, сеќавајќи се на првото соголување во Едем, со кое си истерана од сладоста и од радоста непрестајна.
Поради Твоето големо милосрдие и добрина, Создателу на тварите и Творецу на сè, откако порано од калта ме оживеа, си заповедал да ти пеам со Твоите ангели.
Поради богатството на добрина, Создателу и Господи, Ти ја садиш рајската сладост во Едем, заповедајќи ми да се насладувам со красните, и слатки и нерасипливи плодови.
Славаː Тешко мене, душо моја бедна! Во рајот беше добила власт да јадеш од сите плодови, освен од забранетиот плод на познанието. Зашто си го прекршила законот Божји?
И сегаː Богородиченː Богородице Дево, ќерко Адамова по раѓање, а по благодат – родителка на Христа Бога, мене изгонетиот од Едем, сега повикај ме.
За катавасија ги пееме ирмосите од овој канонː
Катавасијаː Кога Израилот помина пеш низ дното (морско) како по суво, гледајќи го Фараонот гонител како се потопува, викашеː на Бога да Му пееме песна победничка.

Песна 3
Ирмосː Никој не е свет како Тебе, Господи Боже мој, Кој го издигна достоинството на Твоите верни, Благи, и Кој нè утврди врз каменот на Твоето исповедање.
Некогаш змијата, откако ѝ позавиде на мојата чест, на Ева ѝ шепна лага во ушите. Од неа бев измамен и јас, и бев истеран од хорот на животот, кутриот јас!
Кога смело ја пружив раката, вкусив од дрвото на познанието, од кое Бог ми заповеда никако да не јадам, бев отфрлен од Славата божествена.
Славаː Тешко мене, страсна душо моја, како не ја препозна измамата? Како не ја насети лагата и зависта на непријателот? Но си се помрачила со умот и заповедта на Твојот Создател си ја прекршила.
Богородиченː Пречиста (Дево), надеж и заштито моја, единствена која можеше да ја покриеш древната голотија на Адама паднатиот, со Твоето раѓање, Чиста, облечи ме пак во нетление.
Катавасијаː  Никој не е свет како Тебе, Господи Боже мој, Кој го издигна достоинството на Твоите верни, Благи, и Кој нè утврди врз каменот на Твоето исповедање.


Седален, глас 4.
Изгонет беше Адам од рајската наслада со горчлива храна; поради невоздржување, заповедите на Господа не ги запази, и се осуди да ја обработува земјата, од која и самиот беше земенː со многу пот да го јаде лебот свој. Затоа ние воздржанието да го засакаме, та и ние надвор од рајот да не заплачеме, како тој, туку во него да влеземе.
Славаː друг седален, глас 4.
Времето на добродетели сега се јави, а при вратите – Судијата. Но, пријдете постејќи да Му принесеме солзи, смирение и милостина, викајќиː згрешивме повеќе од морскиот песок! Но, прости им на сите, Создателу на сè, за да примиме венец негнилежен.
И сегаːБогородичен. Подобенː
Никогаш нема да престанеме да ги величаме твоите сили, Богородице, ние недостојните, зашто ако ти не би се молела за нас, кој од нас би се избавил од толкуте неволи? Кој би нè зачувал и до сега слободни? Да не отстапиме, Владичице, од тебе, оти секогаш ги спасуваш твоите слуги од секакви опасности.

Песна 4
Ирмосː Христос е мојата сила, Бог и Господ, богодолично пее чесната Црква, и со чисто срце Го празнува Господа.
Со чест бев удостоен во рајот од Тебе, Господи, страсниот јасː тешко мене, откако се измамив  со зависта на ѓаволот, бев отфрлен од лицето Твое.
Оплакувајте ме, ангелски чинови, рајски убавини, прекрасни тамошни дрвја, мене, кој тешко се измамив и сам од Бога се отфрлив.
Ливадо блажена, дрвја од Бога насадени, рајска красото, сега за мене солзи пролевајте од листовите, како од очи, лишен и отуѓен од славата Божја.
Славаː Повеќе нема да те видам, ниту да се насладувам со Твојата преслатка и божествена светлина, сечесен рају, зашто гол се фрлив во земјата, разгневувајќи Го Создателот.
Богородиченː Света Владичице, која на сите верни им ги отвори вратите на рајот, што некогаш ги заклучи Адам со престапот, отвори ми ги вратите на милоста.
Катавасијаː Христос е мојата сила, Бог и Господ, богодолично пее чесната Црква, и со чисто срце Го празнува Господа.

Песна 5
Ирмосː Со Твојата божествена светлина, Благи, душите на оние што порануваат кон Тебе со љубов, се молам, озари ги, за да Те познаат Тебе, Слово Божјо, вистинскиот Бог, Кој од мракот гревовен нè повика.
Љубоморен на мојата некогашна среќа во рајот, во својата омраза кон родот човечки, непријателот зеде облик на змија, за да бидам истеран од него и да бидам лишен од вечната слава.
Редам и плачам со душата и на очите барам да им додадам мноштво солзи, кога ќе ја погледнам и препознам мојата голотија, што ја заработив од престапот.
Славаː Од земјата бев создаден со рацете Божји, но слушнав, кутриот јас, дека пак во земјата ќе се вратамː Кој ли нема да заплаче за мене, отфрлениот од Бога, кој рајот со пеколот го замени?
Богородиченː Богородице, сенепорочна, сите ние верни те признаваме за тајна брачна палата на Славата. Затоа ти се молам, Чистаː Направи пак да влезам во рајската палата, од која бев исфрлен.
Катавасијаː Со Твојата божествена светлина, Благи, душите на оние што порануваат кон Тебе со љубов, се молам, озари ги, за да Те познаат Тебе, Слово Божјо, вистинскиот Бог, Кој од мракот гревовен нè повика.


Песна 6
Ирмосː Гледајќи го морето на животот, бранувано од бурата на искушенија, кон Твоето тивко пристаниште трчам и Ти викамː изведи го од гибел мојот живот, Многумилостиве.
Во рајот си ме облекол во боготкаена облека, Спасителу, како милосрден; јас, пак, Твојата заповед ја прекршив, на измамникот му поверував и ј видов својата голотија.
Душо моја многустрасна, од Бога си се оддалечила, од ангелите си се одделила, во гибел си се вселила! Какво паѓање!
Славаː Помилувај го, сожали го, Боже Седржителу, делото на Твоите раце. Се молам, Благи, не презирај ме мене, кој самиот себе се одлачив од хорот на Твоите ангели.


Богородиченː Од Бога повикана Марие, Господарко на вселената, како онаа што Го роди Господа, Царот на сите и Избавител, од земјата во која сум заробен, повикај ме кон рајската слава.
Катавасијаː Гледајќи го морето на животот, бранувано од бурата на искушенија, кон Твоето тивко пристаниште трчам и Ти викамː изведи го од гибел мојот живот, Многумилостиве.


Кондак, глас 6ː На мудроста – Наставнику, на разум – Дарителу, на немудри – Учителу и на сиромашни – Заштитнику! Утврди го, вразуми го срцето мое Владико! Ти дај ми збор, Слово на Отецот, зашто на мојата уста нема да ѝ забранам да Ти викаː Милостиве, мене паднатиот помилувај ме.
Икосː Седна тогаш Адам и пред сладоста на рајот плачеше, со рацете лицето си го биеше и велешеː Милостив, мене паднатиот помилувај ме.
Кога Адам го виде ангелот како  го изгонува, и вратата на божествениот рај ја затвара, силно воздивна и речеː Милостив, мене паднатиот помилувај ме.
Болката на твојот паднат господар сподели ја, Рају, и со шумот на твоите лисја Создателот замоли Го да не те затвориː Милостив, мене паднатиот помилувај ме.
Рају седобродетелен, сесвет, себогат, заради Адама насаден, а заради Ева заклучен; помоли Го Бога за паднатиотː Милостив, мене паднатиот помилувај ме.


Синаксар
Стиховиː
Светот горчливо внека заплаче со родоначалницитеː
Оној што отпадна, заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна.Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа ѝ е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адама светите отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет дена и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и, бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста од престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост. Во шестиот ден, значи, Адам беше создаден од раката Божја, откако со дувнување беше почестен со образот Божји и, откако ја прими заповедта, во рајот поживеа до шест часа. Потоа, кога ја прекрши, беше истеран оттаму. Евреинот Филон вели дека Адам поминал во рајот сто години.

Други велат дека минал седум дена или години, поради значењето на бројот седум. Но дека во шестиот час тој ги пружил рацете и го дофатил плодот, ни го покажа Христос, Новиот Адам кој, во шестиот ден и час ги рашири рацете, за да ја исцели неговата погибел. Адам бил создаден на половината од патот меѓу распадливоста и нераспадливоста, та она што ќе го избере доброволно, тоа и да го добие. Бог можеше да го создаде (Адама) и безгрешен, но, за да биде оправдан неговиот избор, Он му даде како закон да зема од сите дрвја, освен од она таму; односно, веројатно, сите созданија да имаат познавање на Божјата сила (енергија), но никако не и на она што се однесува на Божјата природа. Григориј Богослов, размислувајќи како философ дека дрвјата се божественото познание, додека дрвото го претставува созерцувањето, рекол: „Бог му заповедал на Адама да се интересира за сите други начела и за сите други својства, да го користи својот ум и да Му оддава слава на Бога, бидејќи таму се наоѓаат вистинските задоволства. Можеби Он барал од него да се распрашува и за својата сопствена природа, но во однос на она што се однесува на Бога, да не бара да дознае што е Он по природа, ниту каде, ниту како Он го создал светот од небитие. Но тој (Адам), напуштајќи ги другите истражувања, почна да го истражува поскоро она што се однесува на Бога и грижливо да ја испитува Неговата природа; и, бидејќи во овие работи беше сосема неопитен како дете, тој падна кога, преку посредништво на Ева, ѓаволот му ја сугерираше идејата за обожувањето“. Големиот и божествен Златоуст вели дека ова дрво имало двојна моќ и тој тврди дека рајот беше на земјата; како философ, тој го замислува и духовен и сетилен (чувствен), каков што беше и Адам, и го поместува во „средината” меѓу распадливоста и нераспадливоста, за да го сочува Писмото, но без да се држи за него буквално. Некои велат дека дрвото на непослушноста беше смоквата зашто, сознавајќи ја својата голотија, тие се покрија веднаш, служејќи се со нејзините лисја. И тоа би била и причината поради која Христос ја проколнал смоквата, небаре таа била причината за престапот, бидејќи има некаква сличност со гревот; прво, сладоста на плодот; потоа, суровоста на лисјата и, најпосле, лепилото што излегува од нејзиното млеко. А ги има и такви кои на неподобен начин ги разбрале и дрвото и разговорот на Адам со Ева и нивното „познание”. Значи, откако отпаднал и го облекол смртното тело, откако бил проколнат, тој беше изгонет од Рајот, чија врата, по заповед Божја, беше чувана од пламенен меч.

Пред таа врата, Адам седеше и плачеше за сите добра од кои се беше лишил поради тоа што не постеше кога требаше, и поради тоа што целиот човечки род требаше со него да ја дели истата состојба се додека нашиот Создател, имајќи милост за нашата природа опустошена од сатаната, се роди од Света Дева и достојно поживеа, ни го покажа патот со кој ќе му се спротивставиме на демонот, односно постот и смирението, и дека, победувајќи го оној што не заведе преку лукавство, да и го врати на нашата природа нејзиното некогашно достоинство. Сето ова, богоносните отци сакале да го направат присутно низ сиот Триод, и тие на прво место го ставиле Стариот завет; најнапред создавањето, потоа падот Адамов, чиј спомен сега го правиме, потоа остатокот, преку списите на Мојсеја и на пророците, уште повеќе со псалмите Давидови, на кои во продолжение им се придодаваат и Книгите на благодатта (Новозаветните). Следат, исто така по ред, настаните од Новиот завет, од кои прв е Благовештение кое, според неискажливата Божја икономија, речиси постојано наоѓа место во светиот Пост; потоа доаѓаат Лазар и Цветници, Светата и Велика седмица, читањето на светите Евангелија и песните што ги опејуваат подробно светите и спасоносни Христови Страдања; потоа воскресението и остатокот, до слегувањето на Светиот Дух, додека Делата на апостолите изложуваат како се случи проповедта и како таа ги собра сите светии, бидејќи Делата (на апостолите) то потврдуваат Воскресението, преку чудесата. Бидејќи, значи, ние поднесовме такви страдања поради фактот што Адам, само еднаш, не постел, ете и ние сега се потсетуваме на тоа, на почетокот од светиот Пост, со цел, сеќавајќи се на сето зло што ни го навлече непостењето, да побрзаме со радост да го дочекаме Постот и да го практикуваме.

Тогаш, она што Адам не успеал да го достигне, а тоа е обожувањето, ќе го добиеме ние, преку постот, плачејќи, постејќи и смирувајќи се, додека Бог не дојде да нè посети, бидејќи без тоа не е лесно да го најдеме повторно тоа што сме го загубиле. Освен тоа, треба да знаеме дека овој свет и голем Пост е десетокот (данокот) за целата година; всушност, бидејќи поради мрзливост не сакаме секогаш да постиме и да се воздржуваме од злото, апостолите и светите отци ни довериле нешто како жетва на душите. На тој начин, сето зло што сме го направиле во текот на годината, сега ние го отфрламе преку покајание и смирение, преку овој пост што треба да го држиме колку што е можно постриктно. Но, божествените отци ни предале и други три поста: Апостолскиот, Богородичниот (Успенскиот) и Божикниот, односно четири пости – по еден за секое годишно време. Но овој пост ние најмногу го цениме поради Страдањето, или затоа што и самиот Христос го запазил, давајќи му извесна слава, или затоа што Мојсеј, откако постел 40 дена, ги примил Десетте Божји заповеди; да помислиме, исто така и на Илија, на Даниил и на сите оние што биле опитни пред Бога. А дека постот е добар, докажува Адам со спротивното. Поради оваа причина и светите Отци нè потсетуваат на изгонувањето Адамово. Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, удостој нè и нас за рајската наслада и, како единствен човекољубец, помилуј нè. Амин.

Песна 7
Ирмосː За преподобните момчиња ангелот направи печката да испушта роса, но таа ги гореше Халдеите по заповед Божја, а мачителот го натера да пееː Боже на татковците наши, благословен си!
Господи , Кој владееш со сите векови, Кој си ме создал со Твојата волја, кога завидливата змија ме измами, го предизвикав Твојот гнев, Спасителу. Но Ти, не презирај ме, туку повторно повикај ме.
Облечен во срамна облека, за жал, наместо со светлозарна облека, ја оплакувам мојата погибел, Спасителу, и со вера Ти викам, Добриː Не презирај ме, Боже, туку повторно повикај ме.
Славаː Селукавата змија од завист ја рани сета душа моја, и ме изгони од рајската наслада; но Ти, милосрден Спасителу, како Бог, не презирај ме, туку повторно повикај ме.
Богородиченː Моето молебно молење, Сенепорочна, прими го со милоста твоја, и прошка на гревовите дај ми мене, Чиста, кој постојано плачам и викамː Не презирај ме, Предобра, туку повторно повикај ме.
Катавасијаː За преподобните момчиња ангелот направи печката да испушта роса, но таа ги гореше Халдеите по заповед Божја, а мачителот го натера да пееː Боже на татковците наши, благословен си!

Песна 8
Ирмосː На преподобните, од пламенот роса си им пуштил, и жртвата на праведниот со вода си ја запалил; бидејќи Ти, Христе, сè правиш како што сакаш, ние Те славиме во сите  векови.
Со разновидни дарови некогаш си го почестил делото на Твоите раце, единствен Човекољупче, но лутата змија со пискање ме измами и, за жал, од сите тие блага ме лиши.
Зошто горчливиот совет го послуша, и Божјата заповед ја прекрши; тешко мене, душо смирена, која Бога Го разжали, зашто си била создадена секогаш да Го славиш со ангелите.
Да Го благословуваме  Господа – Отецот и Синот и Светиот Дух.
Бидејќи си била господарка на влекачите и ѕверовите, како си можела да разговараш со душегубниот лазач, лажниот советник, земајќи го за вистински! О каква измама, душо моја сестрасна!
Богородиченː Те воспеваме како светлоносна скинија на Божјото воплотување, Марие Богоблагодатна! Затоа, со светлината на милоста, просветли ме мене, кој од страсти тешко сум помрачен, ти која си надеж на безнадежните.
Го фалиме, Го благословуваме, Му се поклонуваме на Господаː Катавасијаː На преподобните, од пламенот роса си им пуштил, и жртвата на праведниот со вода си ја запалил; бидејќи Ти, Христе, сè правиш како што сакаш, ние Те славиме во сите  векови.

Песна 9
Ирмосː За луѓето не е можно да Го видат Бога, Кого не смеат ни ангелските чинови да Го погледнатː но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небесните војски и тебе те прославуваме.
Плодот на знаењето во рајот ми се покажа со сладок вкус, и се наситив од него, но на крајот ми стана жолчка! Тешко мене, душо страсна, како невоздржанието те направи туѓинец за рајската храна?
 Боже на сите, Господи на милоста, на моето смирение милостиво погледни и далеку од божествениот рај не испраќај ме, та, гледајќи ги убавините од кои отпаднав, да се погрижам она што го загубив со плачење пак да го примам.
Редам, воздивнувам и плачам, кога херувим со пламено оружје гледам, за да го чува влезот во рајот од сите оние што ги прекршиле заповедите. Колку е непристапен! Освен ако Ти, Спасителу, не ни го направиш пристапен!
Славаː Се надевам на Твојата голема милост, Христе Спасителу, и на божествената крв од Твоите ребра, со која си ја осветил човечката природа и си ја отворил рајската врата за оние што Ти служат, Благи, порано заклучена за Адама.
 Богородиченː Непроодна врато на Животот, умна, Дево Богородице немажена, порано заклучената рајска врата, со твоите молитви отвори ми ја, за да те славам тебе, мојата помошничка, после Бога, во која наоѓам сигурно засолниште.
Катавасијаː За луѓето не е можно да Го видат Бога, Кого не смеат ни ангелските чинови да Го погледнатː но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небесните војски и тебе те прославуваме.


Егзапостилар воскресен.
Славаː следниов.
Кога заповедта Твоја, Господи, кутриот јас ја прекршив и, лишен од Твојата слава, со срам се исполнив, о тешко мене, и од рајската наслада сум исфрлен, милосрден. Помилувај ме мене, кој праведно се лишив од благоста Твоја, Милостиве.
И сегаː друг.


Отпрво истеран од рајот поради јадење од дрвото, Господи, пак си ме вовел во него со крстот и страдањето Твое, Спасителу и Боже мој. Со него закрепни нè постот да го завршиме непорочно и на божественото воскресение да се поклониме, на Пасхата спасителна, по молитвите на Мајката што Те родила.
Хвалитни стихири од Осмогласникː 4 воскресни и 1 анатолиева, и овие од Триод, самогласни.
Глас 5ː Тешко мене со редење повика Адам, змијата и жената од смелоста кон Бога ме лишија, и со  јадењето од дрвото, од рајската наслада ме оттуѓија. Тешко мене! Како ќе го поднесувам срамот понатаму?
Некогаш бев цар на сите земни Божји созданија, сега станав роб на еден лукав совет; некогаш со славата на бесмртноста бев облечен, а сега кожа на смртноста носам. Тешко мене, кого ќе најдам да реди со мене! Но Ти, Човекољупче, Кој од земја си ме создал и во милосрдие си се облекол, од ропството на непријателот ослободи ме и спаси ме.
Стихː Ти се исповедам, Господи, од сето срце моеː
Поприштето на добродетелите се отвори, а вие кои сакате да се подвизувате, со добриот подвиг на постот препашете се, оти оние што според законот ќе се борат, праведно и ќе се наградат. И, откако ќе го земеме оружјето на крстот, на непријателот да му се спротивставиме, како непоколеблив бедем имајќи ја верата, како штит – молитвата, како шлем – милостината, наместо меч – постот, кој од срцето ја сече сета злоба. Кој го прави ова, во судниот ден ќе прими вистински венец од Христа, Царот на сите.
Стихː Ќе се развеселам и ќе се зарадувам во Тебе.


Глас 6ː Адам самиот од рајот се истера, откако вкуси од храната забранета; Мојсеј заслужи да Го види Бога, откако со пост ги очисти духовните очи. Затоа, ако сакаме жители на рајот да станеме, од неполезната храна да се воздржуваме; и, ако Бога сакаме да Го гледаме, Мојсеевата четириесетница да ја постиме, со молитви и молби чисто да ја поднесуваме. Душевните страсти да ги смириме, телесните наслади да ги отфрлиме, лесни по патот кон небото да минеме, каде што ангелските хорови со непрестајни песни ја слават (Света) Троица и ја созерцаваат неискажливата убавина на Господа. Удостој нè и нас, Сине Божји Животодавче, кои се надеваме на Тебе, да ликуваме со ангелските воинства, по молитвите на Твојата Мајка, која Те родила, и на апостолите, мачениците и преподобните.
Стихː Воскресни, Господи Боже мој, нека се издигне раката Твојаː
Дојде времето за почеток на духовните подвизиː победа на демоните, воздржание вооружено со сè, ангелска убавина, смелост пред Бога; со нив Мојсеј стана соговорник на Создателот и невидливо го слушна Неговиот глас. Господи, удостој нè и нас да се поколниме на Твоите страдања и на светото воскресение, како Човекољубец.
Славаː исто  сегаː Преблагословена си, Богородице Девоː Славословие големо.

 

✜✣✜

Подготви: Светланка Трајчева

10ти  март 2019 лето Господово

 Друго:

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2014/06/PC140592-%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98-%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB1-e1403278696576-768x1024.jpg

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5790
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6610
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6387
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5586
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная