Старецот Јаков Цаликис вели: Кога свештеникот вади честички и ги спомнува имињата на верниците на Проскомидијата, тогаш слегува ангел Господов и ги зема овие спомнувања и ги носи пред престолот на Владиката Христос како молитва за оние кои биле спомнати. Гледате ли колку голема вредност има тоа, да ве спомнуваат на Проскомидија?
Еднаш заборавив меѓу покојните да ја спомнам мајка ми, која беше света жена. Кога ја завршив Божествената Литургија и отидов во мојата ќелија, додека седев, дојде душата, духот на мајка ми, и ми рече со болка:
„Отче Јакове, денес не ме спомна“
„Како, мајко, па те спомнав. Секој ден те спомнувам и најголема честица вадам за тебе“ - и реков. „Не, дете мое, денес ме заборави и мојата душа не се успокојува толку, колку што се случува во другите денови кога ме спомнуваш“ - ми одговори.
Гледате ли колкава придобивка и полза добива душата кога ја спомнува свештеникот?
Ја видов душата на татко ми, - раскажуваше старецот - како седи пред една куќарка како ќелија, и му велам:
„Татко, ти самиот беше ѕидар, а не си изградил поголема куќа за да живееш комотно, туку седиш во една таква куќарка“ Тогаш, тој ми рече:
„Чедо мое, ти, со твоите молитви и со милосрдните дела ми ја изгради оваа куќарка за да ја имам и да живеам во неа“

- Блажениот старец Јаков Цаликис –

Старецот Захарија се молеше за своите родители по нивната смрт, а особено за неговиот татко. бидејќи многу пиеше и пцуеше.
Кога стана старец. еден ден зборуваше со еден демон и го праша:
-    Имате ли многу христијани во пеколот?
-    Се разбира. - одговори демонот - и татко ти беше тука. ама ти го извади со милостините што ги даваше ти за неговата душа и со твоите молитви.
-    И мајка ми?
-    Мајка ти не беше таму. не ја видовме. иако ја баравме многу.

„О Σтάρεтς; Ζαχαρίας. εδκ. Ι.М. Оρμύλιας Χαλκιδικής.
 

Една (молитва на) бројаница што ја кажуваш за твојот брат, твојот роднина, нема да биде попусто. Бог ќе му помогне, кога ќе се најде во тешка положба. Бројаницата, не само што помага, туку и душа од пеколот може да извади! Толкава сила има молитвата.
Јас го спомнував мојот дедо, кој беше свештеник. Тогаш бевме зилоти - пред да се информираме. Не го спомнувавме на литургија, бидејќи беше новокалендарец. Се молев многу со бројаница, и Го молев Бога велејќи: „Господи, толку литургии ти отслужи, толку исповеди, итн.. помилуј го“. Долго време правев така.
Една вечер го видов во сон (видение беше, откровение Божјо). како ме целива и ми вели: „Ти благодарам, чедо мое, сега се наоѓам на подобро место!“ Тогаш ја гледам и баба ми, како ме фаќа за раката и ми вели: „Чедо мое, помоли се и за мене, за да одам и јас таму каде што е сега и дедо ти“ Беше живо она што го гледав. Чувствував дека се мртви.
(Старец Ефрем Катунакиски)

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Православна светлина бр. 30