Во храмот на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во Струмица,во чест на празникот на св.вмч.Димитри беше промовиран деветиот том од едицијата „Житија на Светиите“.

„Житијата на светиите е своеводна енциклопедија на православието или мелем за душата за секоја христијанска душа. За секој оној што е гладен, жеден за божјата правда ќе го најде токму во житијата на светиите“-  вели отец Боро Милчев

Новото издание на Струмичката Епархија  кое од печат излегува со благослов  на Митрополитот Струмички г. Наум ги содржи житијата на светиите за месец септември.

„Тоа е капитална книга за православната црква. Можеме слободно да кажеме дека после Светото писмо житијата на светиите е втора по ред по значење која што секој христијанин треба да си дозволи да си ја има, да си ја чита . Тоа е секојдневна храна за душата во која што всушност ние се поучуваме од примерот на светителите кои што го положиле и кои што го проживеале својот живот за Христос“-  вели отец Гаврил

Првиот том „Житија на светиите“ кој е посветен на месец јануари излезе пред девет години. Со новото издание за септември полека ама сигурно се комплетира целата едиција која ќе содржи 12 тома, по еден за секој месец. Од храмот Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив велат дека веќе се работи и на преостаните три изданија, но засега нема прецизни информации кога истите ќе бидат пуштени во печат бидејќи зтанува збор  за долг процес за кој е потребна и голема истражувачка работа.

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=rlL9i6JmAFQ[/youtube]

 

 Друго:

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

или:  о. Боро Милчев,  тел. 071 213 000

 

 

„Од сѐ срце се надеваме многу поголем број луѓе да се ползуваат од ова четиво. Да вкусат од неговите изобилни духовни плодови, да ги наситат своите души со таа добра храна, да се поткрепат во доброто, да се утврдат во верата и надежта во Бога, и да се исполнат со духовна радост и утеха, откако ќе ги видат големите и чудесни дела Божји.

И откако во душата и срцето ќе станат подобни на животот и подвизите на Божјите угодници, да се удостојат на вечна радост и блаженство во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Бога, Кому Му доликува секоја слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.”

(извадок од воведот)