Korica.Pisma.Valaam.jpg

Евангелие и поука за 23/10/2018

 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 9:23-27

23.     А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене!
24.     Оти, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси.
25.     Зашто, каква му е ползата на човека, ако го придобие целиот свет, а себе погуби или си направи зло?
26.     Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
27.     Вистина ви велам, овде стојат некои, што не ќе вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 2:20-23;3:1-3

20.     И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш сошто се препирате, како уште да живеете во светот:
21.     не се фаќај, не вкусувај, не пипај!
22.     Сите тие се определени на пропаѓање – кога се управуваат според човечките заповеди и учења.
23.     Тие имаат само вид на мудрост во своеволното благочестие, а во смиреномудроста и во нештедењето на телото тие никако не се грижат, освен за наситување на телото.
1.     И така, ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога:
2.     мислете за небесното, а не за земното.
3.     Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога.

Поука на денот: Свети Нил Синајски
Кога за време на молитвата ќе помислиш дека не ти е потребно да плачеш за своите гревови, погледни колку си далеку од Бог (а должен си секогаш да пребиваш во Него) и ќе ги пролееш најтоплите солзи.

 Извор: МПЦ-ОА