Што ако паднеш во грев?

„Кога ќе ти се случи неочекувано да паднеш во грев...не биди малодушен, не се потпирај на себе си, не вели:
„како можев тоа да го допуштам?!“

Тоа е плач на гордото високо мислење за себе си.

Напротив смири се и обраќајќи ги мисловните очи кон Господа речи:
„ Што друго може да се очекува од мене, Господи, толку немоќен и невоздржан“, и тука заблагодари Му се што делото останало само на тоа, исповедајќи:
„Ако не е Твојата безмерна благост, Господи, не би се запрел јас само на тоа, ами безусловно би паднал во нешто уште полошо.“

Преподобен Никодим Светогорец+

 

Избор од фб профил на

Тимотеј Соколов Македонски

 

TVIT1109

                Како што е неопходно да се чува умот од незнаење, исто така е неопходно да се чува од многу празно знаење и љубопитност. Зашто, ако умот е исполнет со многу знаење, не исклучувајќи го суетното, непотребното и штетното, ќе стане неспособен да знае што е добро за неговото исправување и подобрување. Затоа, спрема земните работи кои се дозволени, но не неопходни, треба да се однесувате како да сте веќе умрени. Сосредоточи го умот на себе и држи го подалеку од сите работи на овој свет.
Приказните за тоа што било и знаењето за тоа што се случува нека минуваат покрај тебе. Пресвртите во разни земји треба да бидат за тебе како никогаш да не се случиле. Кога ќе имаш шанса да слушнеш за нив, подобро е да заборавиш на тоа најбрзо што можеш. Еве што вели св. Василије: „Слушањето вести од светот нека ви биде горчлива храна, а слатко како мед лекциите на духовните луѓе“. Пророкот Давид вели: Ми кажуваа шеги прекршителите на законот, но тие не се како твојот закон. Најмногу љуби да го слушаш духовното, проучувај го и не пожелувај да знаеш ништо освен за Исус Христос и распетието (I Кор. 2:2), освен Неговиот живот и смрт и за тоа што сака од тебе. Ако се држиш до тоа, ќе го правиш она што му е угодно на Бога. А Бог ги сака душите кои Го љубат и кои се трудат да ја вршат Неговата волја.
                    Интересот за многу работи често е плод на гордоста и храна за самољубието. Тоа се само замки на злиот дух кој, гледајќи дека некои имаат силна волја да живеат духовен живот, се обидува да ги сопне со љубопитност и на тој начин да ја преземе контролата врз нивниот ум и нивната волја. Затоа им уфрлува, особено на оние што се поспособни и наклонети кон филозофирање, возвишени и прекрасни мисли. А тие, понесени од задоволството да се изјаснуваат за високи нешта, забораваат да ја чуваат чистотата на срцето, мирно да размислуваат за себе и да ги контролираат своите страсти. Врзани со синџирите на гордоста и самодовербата, тие создаваат идол од својот ум и малку по малку доаѓаат до убедување, без воопшто да забележат дека повеќе не им требаат туѓи совети и во секоја прилика прибегнуваат кон идолот на сопственото размислување.
                  Тоа е многу опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е полоша од гордоста на волјата. Зашто умот сè уште може да ја излечи гордоста на волјата, но кога гордо ќе се убеди себеси дека она што мисли дека е најдобро, кој ќе го одврати? Може ли да слуша некого кога е убеден дека размислува поправилно од кој било друг? А кога тоа е окото на душата, со помош на кое човек можел да ја види и исправи гордоста на волјата, само заслепено од гордоста и не може да се излечи, кој ќе ја исцели волјата? И тогаш се во човекот се расфрла, а нема кој да нанесе мелем. Затоа е неопходно да се бориме против гордоста на умот, пред таа да завладее. Застанете против неа, воздржете ја и потчинете го вашето мислење на мислењето на свештенството. Бидете понизни за љубовта Божја, ако сакате да бидете помудри од Соломон. Ако некој од вас мисли дека е мудар на овој свет, нека биде безумен да биде мудар (I Кор. 3:18).
Преподобен Никодим Светогорец