3.angeli.so.truba

то значи тоа љубов? Лесно е да кажеш - љубов. Но, колку само подвиг треба за да ја стекнеш вистинската љубов. Таа нѐ завидува, нѐ суди, не се срди, на сѐ се надева, во сѐ верува. Таква е љубовта. Оти ако завидуваш, ако сѐ срдиш, како можеш да имаш нешто заедничко со Бога? Ако постојано судиш или завидуваш, како ќе живееш во просторот на љубовта? Таа ќе те гори, ќе те пече, ќе те измачува!


Љубовта сѐ простува, оди напред во жртва за сите. А како ќе знаеме дека некој неизмерно Го љуби Бога? Доколку во себе има таква љубов која не се срди, во сѐ верува, сѐ простува. Какви прекрасни особини има љубовта Божја! Колку убаво звучи! Ќе си речеш: што е полесно од тоа да се сакаме меѓу себе? А испаѓа дека сѐ друго можеш полесно да правиш. Но, за да љубиш вистински потребна е голема жртва и аскеза, и тоа со години. Подвиг е да љубиш. Треба секогаш кога ќе бидеш повреден да возвратиш со љубов. Не само да претрпиш, туку и да возвратиш со љубов. Така почнува аскезата, тогаш започнуваш да Му се приближуваш на Бога, за Он да се всели во твоето срце. Правите ли барем малку така? Морате, зашто така правеле сите Божји светии".


Архимандрит Партениј

 

Избор од фб профил на

Александар Дојчинов