За стравот од Бога

ЗА СТРАВОТ ОД БОГА
Свети Јован, во едно од неговите Посланија, вели: “Совршената љубов го изгонува стравот”. Што сака со ова да ни каже светителот? За каква љубов и за каков страв ни говори? Псалмопејачот (Давид) вели: “Имајте стравопочит кон Господа сите праведници Негови”. Вакви изреки наоѓаме на многу места во Светото Писмо.

Според тоа, ако светителите Го љубеле Бога и имале стравопочит кон Него, како можеме да кажеме: “Љубовта го изгонува стравот?” Свети Јован сака да ни каже дека постојат два вида на страв : едниот е воведен, а другиот совршен; едниот, својствен за почетници – во побожноста, додека другиот е за совршените во нивната светост, кои стекнале вистинска љубов.

Првите се оние кои ја исполнуваат Божјата волја преку страв од осуда, односно тоа се почетниците. Она што го прават, не го прават заради самото добро, туку поради страв од маки. Други, пак, ја исполнуваат Божјата волја заради љубов кон Самиот Бог, Го љубат Него и знаат што е прифатливо за Бога.
Таквиот човек пребива во добродетел и знае што значи да се биде со Бога.

Извадок од книгата
Ава Доротеј од Газа

 

https://www.tiveriopol.mk/za-stravot-od-boga/?fbclid=IwAR0-pLxp9R9js5-Skauhc-Z1ObwPuyWJxOSeckcBEMqCdHeP-dVmSd5YooE