Телесниот човек не може да го разбере духовниот. За него сè што зборува духовниот е измислица, зашто небесната логика е сосема различна од земната. Но, кога разговараш со телесен човек тој постепено може да дојде до некаков степен на разбирање, ќе сфати дека нешто го движи светот, дека во космосот има хармонија, а на земјата дисхармонија…
Затоа синовите на светлината се повикани сè повеќе да го осветуваат својот живот, за да ја распространат таа светлина насекаде, како што вели Господ: „Оган дојдов да донесам на земјата, и колку би сакал да беше веќе пламнал!“ Тоа е огнот на Божествената љубов. Ние, христијаните, сме повикани да ја шириме на земјата атмосферата на Небото, вечноста, љубовта, правдата, мирот, вистината и тишината.
Но, што да правиме кога уште од детството сме се научиле да се противиме, да се гневиме, да не слушаме и кон сè да пристапуваме со неверие и резервираност. Во нас е влезено многу зло и тоа треба да го исфрлиме. Така и родителите, ги укоруваат своите деца за нивните палавости. Не умеат да ги лекуваат со благ и тивок збор.
Да, потребен е и строг збор, но во тој збор детето треба да ја насети љубовта. Родителска грешка е кога со гнев ги казнуваат своите деца. Со гнев, не може да се постигне целта. Кога ќе се достигне степен на смирение, тогаш со чиста љубов треба да му се каже дека
детето згрешило и благо да се казни.
Ако тоа повторно ја повтори истата грешка, таа казна треба да е поголема – така детето се исцелува. Училиште на животот: Сè што ни се случува, е полезно за нас, а ние често се оптоваруваме со прашањата:
зошто е ова така, не можеше ли да биде поинаку?
Неопходно е да се поминат тие животни искушенија. Спокојно да ги проживееме непријатностите – ете тоа е училиште на животот.
Треба да се надополнуваме еден со друг. Кога разговараме со едномисленици ни станува полесно да поминуваме низ животот.Треба да сме смирени, кротки и да се надополнуваме едни со други, за да бидеме едно цело. Господ знае што ќе биде со нас:
Господ знае што ќе биде со нас.
Ние се појавуваме во определено време, со свои задачи. Колку е величествено и блажено: ние сме во Божјиот ум уште од вечноста! Ние сме Негови деца, не само по дух, но и по тело, но се одделуваме од Него. Затоа и не можеме да го разбереме Неговото управување и Неговата намера за нас. Честопати го прекршуваме законот и добиваме казна.
Старец Тадеј Витовнички