3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ДАЈ БАРЕМ ЕДНАШ КАЖИ БЛАГОДАРАМ!
(писмо на еден монах до своето духовно чедо)


„Престани да бидеш постојано незадоволен, престани да се жалиш и да преживуваш „неправда„, и да се однесуваш како некој постојано да ти е виновен. Секој смета дека неговиот проблем е најголем и најтежок. Но, Бог ни зборува: Јас доаѓам во твојот живот не да те избавам од тешкотиите, туку да го преобразам твојот однос кон нив.

И тогаш ќе почнеш да гледаш на своите проблеми повеќе оптимистички, со повеќе смирение, трпение и храброст. Отфрли го од себе очајот кој ти зборува дека секогаш ќе ти биде тешко. Дете мое, тогаш проблемот ќе исчезне, немој да го преувеличуваш. Ти, толку многу ги преувеличуваш своите тешкотии со тоа што постојано размислуваш за нив, чувствуваш ужас и имаш панични напади и постојано си депресивен. А, тоа не е правилно, не е добро.

Навистина, можно ли е човекот да биде така устроен? Тоа е веќе одреден вид на способност, одреден знак. Некои луѓе дури и кога им предложуваш решение, не можат да го прифатат и да се успокојат. Не! Тие повторно ќе цвикаат и ќе роптаат. Им даваш совет, тие на момент малку ќе се поднасмеат, а потоа зборуваат: Не, не можам, таков сум се родил, карактерно сум таков. Еј, гледај, ти реков на својот проблем да погледнеш отстрана и тој ќе се реши. Не, тие луѓе повторно мислат исто, на истата грижа на која се навикнале. Глупа навика. Човекот самиот себе се гуши со грижата на совест наместо да ја исповеда, и се обеспокојува со чувството на вина иако со исповедта му е простено. Дури, Господи... понекогаш чувствуваме загриженост и неудобност во даден момент и кога сме среќни. Колку глупаво од нас. И мислиш дека многу арно не е на арно, т.е. ако си многу среќен ќе ти се случи нешто лошо. Не, јас не можам да бидам среќен! За неколку дена ќе се случи нешто. И повторно и повторно вителот на помислите ќе не однесе во темнина. Ќе го слушаме шепотот на демоните: Ти едноставно не можеш да се насладуваш и да се радуваш! А, навистина погледни добро, и на се` добро во твојот живот, и се`како ни заповедал Христос. Погледни со оптимизам, со надеж и изговори: Благодарам! Престани веќе само да ропташ и цимолиш! Престани да бидеш постојано незадоволен, престани да се жалиш, да преживуваш „неправди„ и да се однесуваш дека секој ти е лично виновен. Неодамна ми се јави еден човек и ми рече: Утре изутрина ќе одам в болница, ќерка ми ќе се оперира. Дали ти чедо мое си седел во болница во исчекување на новости за твојот ближен? Покрај тебе да ти поминуваат доктори и сестри, а ти при умот да не можеш да дојдеш од вознемиреност? И ти тука ме моташ дека имаш некој проблем. Дај те молам да бидеме сериозни мажи (жени), постојано ли ќе бидеме едноставно неблагодарни. Дај барем еднаш кажи, простум, благодарам!“

 

Извор од фб прогил на

Горан Стојчевски