Aleksandar.N.sv.Haralampij

 
Aleksandar.N.sv.HaralampijКОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се,
зашто царски престол Си.

 

 

Радувај се,
зашто Го носиш Носителот на с¢.
Радувај се,
ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се,
утробо на Божественото воплотување.
Радувај се,
низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се,
низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас
неразбирлив е за душава моја,
зашто за рождество низ бессемено
зачнување зборуваш воскликнувајќи:
Алилуја!

ИКОС 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот,
Дева кон Тајнослужителот повика:
‘Кажи ми како е можно Син
од чиста утроба да се роди?’
А тој со страв одговори ова велејќи • го:
Радувај се,
на Советот неискажлив Тајнице.
Радувај се,
на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се,
на чудата Христови Началнице.
Радувај се,
на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се,
лествицо небесна по Која Бог слезе.
Радувај се,
мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се,
чудо многусловено од ангелите.

Радувај се,
многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се,
Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се,
начинот никому не Си му го открила.
Радувај се,
Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
Радувај се,
Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!

Aleksandar.N.sv.Haralampij


КОНДАК 3
Силата на Севишниот
за зачнување Ја осени Неискусобрачната,
и плодната утроба Нејзина
нива беспрекорна стана
за оние што спасение сакаат да жнеат,
пеејќи непрестајно:
Алилуја!

ИКОС 3
Имајќи Дева утроба Богоисполнета
при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,
познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува,
и со игра како низ песна
на Богородица • воскликна:
Радувај се,
лозо со Ластар несовенлив.
Радувај се,
на плод бесмртен стекнување.
Радувај се,
Сотворителке на Творецот човекољубив.
Радувај се,
Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
Радувај се,
ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
Радувај се,
Трпезо Која обилно очистување носиш.
Радувај се,
зашто рајската сладост ја расцутуваш.

Радувај се,
на душите пристан им приготвуваш.
Радувај се,
преслатко молитвено кадење.
Радувај се,
на сиот свет очистување.
Радувај се,
кон смртните Божјо благоволение.
Радувај се,
на смртните кон Бога дерзновение.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 4
Имајќи во себе бура на помисли сомневачки,
целомудрениот Јосиф се збуни
гледајќи Те, неискусобрачна,
за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна;
кога дозна дека од Светиот Дух е
Твоето зачнување, рече:
Алилуја!

ИКОС 4
Ја слушнаа пастирите ангелската песна
што го воспеваше плотското пришествие Христово,
та поитаа како при Пастир,
да Го видат кај лежи како Агнец непорочен,
одгледан во утробата на Марија,
запеаја и вака • прословија:
Радувај се,
Мајко на Агнецот и Пастирот.
Радувај се,
Трло на овците словесни.
Радувај се,
неволјо за демоните невидливи.
Радувај се,
отклучување на портите рајски.
Радувај се,
се небеско со земното се радува.
Радувај се,
се земно со небесното ликува.
Радувај се,
на Апостолите усто непремолчлива.

Радувај се,
на страстотерпците смелост непобедлива.
Радувај се,
на верата цврсто утврдување.
Радувај се,
на благодатта светло познавање.
Радувај се,
низ Тебе адот се разголе.
Радувај се,
низ Тебе во слава се облековме.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 5
Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда,
Мудреците блесокот нејзин го следеа,
и имајќи ја неа за светилник небесен
со неа крепкиот Цар Го бараа;
и пристапувајќи при Недостижниот,
се израдуваа пеејќи Му:
Алилуја!


ИКОС 5
Гледајќи Го отроците Халдејски во рацете на Дева
Оној што со рацете луѓето ги створи,
и сознавајќи дека Он е Господарот
иако образ на слуга прими,
поитаа со дарови да Му послужат
и на Благословената да • воспеат:
Радувај се,
Мајко на Ѕвездата незалезна.
Радувај се,
зоро на Денот таинствен.
Радувај се,
Ти огништето на прелеста го изгасна.
Радувај се,
Ти тајниците на Троица ги просветлуваш.
Радувај се,
Ти мачителот нечовечен од власта го турна.
Радувај се,
Ти Човекољубецот Христос, Господ, Го покажа.
Радувај се,
Избавителке од варварското робување.

Радувај се,
Очистителке од мрачните дела.
Радувај се,
Ти го изгасна огнот идолски.
Радувај се,
Ти пламенот на страстите го уништи.
Радувај се,
Наставнице на верните кон целомудрие.
Радувај се,
на сите родови веселие.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 6
Проповедници богоносни бивајќи
Мудреците во Вавилон се вратија,
исполнувајќи го пророштвото Твое
Те проповедаа насекаде, Тебе, Христа,
оставајќи го Ирода ко во бунило,
кој не знае да пее:
Алилуја!

 

Aleksandar.N.sv.Haralampij

ИКОС 6
Блескајќи во Египет со светлоста на Вистината
ја испади лагата на мракот,
а идолите негови, Спасе,
не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа.
Оние што избавени беа
• воспеваа на Богородица:
Радувај се,
на луѓето исправување.
Радувај се,
на демоните понижување.
Радувај се,
Ти силата на прелеста ја победи.
Радувај се,
Ти лагата идолска ја уништи.
Радувај се,
море, фараонот духовен што го удави.
Радувај се,
камену, жедните за живот што ги напои.
Радувај се,
огнен столбу, што ги води оние во мрак што се.

Радувај се,
покрову поширок од облаците.
Радувај се,
храно манната што ја заменуваш.
Радувај се,
Ти Која на сладоста света ‹ служиш.
Радувај се,
земјо ветена.
Радувај се,
од Која мед и млеко истекува.
Радувај се Невесто Неневестна!
КОНДАК 7
Кога Симеон требаше
од овој прелестен свет да се престави
Ти врачен му беше како младенец,
а тој Тебе и како совршен Бог Те позна;
затоа восхитен
од неискажаната премудрост Твоја, воскликна:
Алилуја!

ИКОС 7
Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот
нам, на од Него створените.
Од бессемена утроба излезе
и Неа нетлена каква што беше Ја зачува,
та чудо гледајќи, да • воспееме повикувајќи:
Радувај се,
цвету на нетлението.
Радувај се,
венецу на воздржанието.
Радувај се,
образот на воскресението го заблеска.
Радувај се,
ангелскиот живот го објави.
Радувај се,
дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се,
дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се,
Ти Која во утробата Го носеше
Избавителот на пленетите.

Радувај се,
Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се,
на Судијата праведен умоление.
Радувај се,
на многуте согрешенија простување.
Радувај се,
на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се,
љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 8
Откако го видовме надумното раѓање
да отстапиме од светот
и умот свој кон небесата да го воздигнеме.
Зашто затоа великиот Бог на земјата
како смирен Човек се јави,
сакајќи кон висините да ги привлече
оние што Му пеат:
Алилуја!

ИКОС 8
Сиот меѓу нижните беше Логосот
неизглаголив, и од вишните ни најмалку не
отстапи; зашто слегувањето беше
Божествено, не промена на место туку
рождество од Дева, Која Бога Го роди и
непрестајно слуша:
Радувај се,
место за несместливиот Бог.
Радувај се,
врато на чесното таинство.
Радувај се,
за неверните гласу сомнежен.
Радувај се,
за верните преславна пофалбо.
Радувај се,
пресвета колеснице на Оној
Кој почива врз Херувимите.
Радувај се,
преславно селение на Оној
Кој почива врз Серафимите.

Радувај се,
зашто спротивностите ги соедини.
Радувај се,
зашто рождеството и девственоста ги обедини.
Радувај се,
низ Тебе гревот првороден се разреши.
Радувај се,
низ Тебе рајот за нас се отвори.
Радувај се,
клучу на Царството Христово.
Радувај се,
надеж за благата севечни.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 9
Секое естество ангелско се зачуди
од великото дело на Твоето вочовечување;
зашто недостапниот Бог
Го гледаа како Човек на сите пристапен,
Кој нам ни сопостои и од сите слуша:
Алилуја!

ИКОС 9
Благоглаголивите говорници
како риби безгласни ги гледаме
пред Тебе, Богородице,
зашто не умеат да кажат
како Дева остана и возмогна да родиш.
Ние, пак, од таинството восхитени,
верно воспеваме:
Радувај се,
на Премудроста Божја живеалиште.
Радувај се,
на Промислата Негова сокровиште.
Радувај се,
мудрите немудри ги јави.
Радувај се,
краснозборците во немост ги остави.
Радувај се,
лукавите соблазнители полудеа.
Радувај се,
баснотворците во безумие пропаднаа.
Радувај се,
Ти ја раскина мудроста Атинска.

Радувај се,
Ти ја полниш секоја мрежа рибарска.
Радувај се,
од понорот на незнаењето извлекуваш.
Радувај се,
мнозина со разум ги просветлуваш.
Радувај се,
корабу за оние спасение што бараат.
Радувај се,
пристаниште на оние што по животот пловат.
Радувај се, Невесто Неневестна!

Aleksandar.N.sv.Haralampij
КОНДАК 10
Сакајќи светот да го спаси,
Украсителот на с¢ во него самоветен дојде;
и иако Пастир Божествен,
заради нас Човек стана,
откако со подобност подобното го повика,
како Бог слуша:
Алилуја!

ИКОС 10
Крепост Си на девствените, Дево Богородице,
и на сите што кон Тебе прибегнуваат,
зашто Творецот на небото и на земјата
Те устрои, Пречиста,
вселувајќи се во утробата Твоја,
и сите ги научи да Ти повикуваат:
Радувај се,
столбу на девственоста.
Радувај се,
врато кон спасението.
Радувај се,
Началнице на духовна обнова.
Радувај се,
Подателке на благоста Божествена.
Радувај се,
Ти ги прероди срамно зачнатите.
Радувај се,
Ти со ум ги обдари во безумие паднатите.
Радувај се,
Ти го сотре убиецот на словеста.

Радувај се,
Ти го роди Сеачот на чистотата.
Радувај се,
брачна одајо на бессемено вневестување.
Радувај се,
на верните со Господа соединување.
Радувај се,
на девиците предобра хранителке.
Радувај се,
на светите души невестокрасителке.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 11
Секоја песна што се стреми
по множеството на штедроста Твоја да се спростре
со пораз завршува;
ако со песокот истобројни песни Ти принесеме,
Цару Пресвет,
со ништо достојно не сме Ти возвратиле
за она што Си ни го дал нам,
што ти воспеваме:
Алилуја!

ИКОС 11
Како кандило светлоносно
коешто на помрачените им се јави
Светата Дева Ја гледаме;
зашто оган невештествен палејќи
сите во мудрост Божествена ги води,
со блесок умот го просветлува
и честена е со восклици вакви:
Радувај се,
лач на Сонцето Духовно.
Радувај се,
светило на Светлоста незалезна.
Радувај се,
молњо, душите што ги просветлуваш.
Радувај се,
зашто како гром демоните ги престрашуваш.
Радувај се,
низ Тебе блеска многусветлото просвештение.
Радувај се,
зашто река Си со обилно течение.
Радувај се,
Ти што образот на очистување го живописаш.

Радувај се,
Ти што скверноста гревовна ја отстрануваш.
Радувај се,
бањо совеста што ја миеш.
Радувај се,
чашо што радост црпеш.
Радувај се,
кадило на Христовото благоухание.
Радувај се,
животу на таинственото радование.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 12
Откако посака милост да подари
за долговите древни,
Разрешителот на сите долгови човечки
Самиот дојде при оние
што од благодатта Негова отстапија;
и кога го скина списокот со долговите
од сите слушна:
Алилуја!

ИКОС 12
Опевајќи го Породот Твој,
сите ко жив храм Те фалиме, Богородице,
зашто откако се всели во утробата Твоја,
Господ, Седржителот, и ги освети,
и ги прослави, и сите да Ти пеат ги научи:
Радувај се,
на Бога Словото селение.
Радувај се,
посвета од Светињата на Светињите.
Радувај се,
ковчегу од Духот позлатен.
Радувај се,
неисцрпна ризницо на живот нетленен.
Радувај се,
чесен венецу на царевите благочестиви.
Радувај се,
пофалбо чесна на јереите благоговејни.
Радувај се,
на Црквата столбу непоколеблив.

Радувај се,
на царската крепост темелу неразрушлив.
Радувај се,
со Тебе победните знамиња се возвисуваат.
Радувај се,
со Тебе непријателите се уништуваат.
Радувај се,
на телото мое исцеление.
Радувај се,
на душата моја спасение.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 13 .................(3 пати)
О севоспеана Мајко,
Родителке на Словото, посвето од сите Светии!
Примајќи го приносот сегашен
од секоја напаст избави н¢,
и од секоја идна мака сочувај н¢,
нас што Ти воспеваме:
Алилуја!

Aleksandar.N.sv.Haralampij

ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече ‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се,
зашто царски престол Си.

Радувај се,
зашто Го носиш Носителот на с¢.
Радувај се,
ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се,
утробо на Божественото воплотување.
Радувај се,
низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се,
низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се Невесто Неневестна!


КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

 

Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Издавач: Струмичка епархија

Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот.

Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци

и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист,

таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот,

туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени…“

 

Друго:

Episkop.Emilijan.Hristos2

             "Ние уште не сфаќаме дека по воплотувањето, Синот Божји стана Син Човечки – Богочовек Исус Христос, а со тоа и наш слуга – несразмерно повеќе од Господ. Христос се однесува како наш најобичен слуга – Го повикуваме и доаѓа, Го бркаме од себе и Тој си оди. Без оглед колкупати тоа ќе го повториме. И никогаш не се наметнува. Што тука не е јасно?
Зарем не е добро да имаш Господ за слуга? Но, некои луѓе (а и сите ние понекогаш) одбираат да му служат на ѓаволот. Зошто ваков смешен избор?
            И не, Бог нема да нè казни, и никогаш не нѐ казнува – каков и избор да направиме. Секогаш самите се казнуваме. Штом нашите дела не се согласни со Неговата волја, ние свесно Го бркаме Бог од себе и остануваме без Неговата благодат. Без Неговата благодат нашата трулежност доаѓа до израз и тогаш се појавуваат телесните болести, како прв показател дека нешто не е во ред.
      Сите наши гревови, гревовите на целото човештво се како капка вода во океанот на Божјата љубов. Но, тоа не е оправдание за нашите смешни избори." - дедо Наум