Hristos.prekrasno62
·
Според евангелскaта приказна за сејачот и семето (Мт. 13, 18) сите луѓе во историјата на човештвото кои некогаш се сретнале и ќе се сретнат со Божјиот збор, можат да се поделат во четири групи.


Во првата спаѓаат оние што имаат камено срце. Во срцата на таквите луѓе никогаш не може да прoр’ти и да роди евангелското семе, зашто наместо Бог, со нив веќе управува сатаната.


Во втората се оние луѓе кои се непостојани во добродетелта. Таквите, кога ќе го чујат Божјиот збор се воодушевуваат, но крстот и подвигот на верата ниту можат нити сакаат да ги прифатат.


Третата група ја сочинуваат луѓето – идолопоклоници на овој свет, поробени од сластољубие и властољубие, заради што во нив Божјиот збор згаснува и не донесува плод.


Дури четвртата група луѓе се споредува со добра евангелска земја.
Тие, кога ќе го чујат Божјиот збор, го прифаќаат и даваат плод – некои по триесет, некои по шеесет и некои по сто (Мт. 13, )


Наведената приказна за сејачот и семето ни укажува на трагедијата на човековата слобода. Слободатa е голем Божји дар, кој секој човек, за жал, може да го злоупотреби и наместо да остане да живее во слободата која Бог му ја дарувал (како на Адам во рајот), тој доброволно станува роб на страстите и смртта (Јн. 8, 34).


https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=471842418376221&id=100066514000421

Православие.Мк †

2023