TVIT1107

                    Едно утрото на скалите од куќата седело слепо момче со голема капа пред неговите стапала, покрај која стоела табла на која пишувало: „Слеп сум, те молам помогни ми“.
Во капата имало само неколку монети.
                     Еден човек кој поминувал во тоа време застанал пред слепо момче, извадил парички од џебот и ги фрлил во капата, а потоа ја зел таблата, ја превртел и откако напишал неколку зборови, ја оставил на своето место. Наскоро капата почнала да се полни со монети. Напладне дошол човекот кој го сменил натписот да види како се одвиваат работите.
                     Момчето го препознало по чекорите и го прашало: „Дали утрово ти го смени натписот на мојот знак? Што напиша?"
                     Човекот одговорил: „Јас го напишав истото што и ти, но со различни зборови“.
                     Тој напишал: „Денес е прекрасен ден и не можам да го видам“.
Овие две напишани реченици им кажувале на минувачите дека момчето е слепо. Првата била дека е слеп, а втората укажувала колку среќа имаат оние кои немаат проблеми со видот.

Бидете благодарни за она што го имате.

 

fb Животот е борба