логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

mitropolit simeon kucas


 Архимандрит Симеон Купас

1. Ние го оставивме на крај таинството на Божествената Евхаристија и ќе зборуваме за неа одделно, не само зашто таа е највеличествена од сите црковни тајни, туку и заради нејзината врска со постот се образувал огромен проблем, не еднаш испитуван во утробата на Црквата.

Оваа тема до наши дни продолжува да ги интересира, како пастирите на Црквата, така и многуте верни. Без оглед на тоа што не било прифатено никакво официјално црковно решение, во последните години се појавија дискусии и беа искажани мислења кои помогнаа во вистинскиот пристап кон тоа прашање, како од богословска страна, така и на практично ниво.

2. Нема никаков сомнеж дека основна цел, поради која се извршува таинството на Божествената Евхаристија, е причестувањето на верните. Учеството на верните во извршувањето на тајната незамисливо е без највисоката точка на тоа учество – причестувањето со Телото и Крвта Господови. Во древната Црква од причестувањето се одлачувале (=оддалечувале) само оние кои тешко згрешиле, коишто и биле оддалечувани од црковната заедница до почетокот на литургијата на верните, односно од таинството на Евхаристија.

Ова е кристално јасно учење на Светото Писмо и целото црковно Предание, т. е. преданието на нашите богоносни Отци, свештените правила и најдревната црковна пракса.

Во тоа учење и пракса, коишто ги примила Црквата во почетокот, како услов за живот во Христа се укажува на колку што е можно почесто учество на верните во Божествената Евхаристија, „постојано причестување“ како што учеле во своето дело, посветено на конкретново прашање, двајцата наши отци, кои живееле не толку одамна, свети Макариј Нотарас, епископот Коринтски и свети Никодим Светогорец.

Иако сега, во епохата на богословската неукост, ситуацијата делумно се изменила, и помеѓу многумина верници се распространила поинаква пракса, а таа, се разбира, се појавува не како црковно Предание, туку напротив, како отстапување од него и покажува опаѓање на црковниот живот.

3. И така ние треба често да пристапуваме кон Божествената Евхаристија. Нормално, прашањето за тоа колку често ќе се причестуваме, ние треба да го решиме не сами, туку заедно со својот духовен отец – верниот раководител во животот според Христа. Само на тој начин ние можеме да бидеме уверени, дека нашето учество во таинството нема пречки и тоа одговора на својот основен услов – духовната чистота, којашто апсолутно е неопходна за достојно, а не недостојно причестување со Телото и Крвта Господови, согласно со учењето на апостолот Павле (види во 1. Кор. 11, 26- 29).

Апостолот пишува: „Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша“ (1. Кор. 11, 28). Тоа „испитување“, коешто, според зборовите на апостолот, се покажува за нас како неопходно за подготвување за Божествената причест, се состои токму во темелна проверка на нашата духовна чистота и вклучува во себе испитување на совеста, исповед, живот со страв Божји, љубов кон ближните и помирување со нашите браќа.

4. Освен во духовната чистота, во што уште се состои нашата подготовка за примање на Божествената причест? Свештените правила на најјасен начин пропишуваат, дека верните – клирици и лаици – се должни да пристапуваат кон Божествената Евхаристија на гладно срце, т. е. со празен желудник „за свештенодејството да биде извршено од луѓе коишто не јаделе“, согласно со 29. правило на 6. Вселенски Собор. Како што забележува Аристин, еден од најистакнатите толкувачи на свештените правила, кој живеел во дванаесеттиот век, „иако Господ тајноводствувал[1] со учениците по вечерата, ние не треба да го следиме претешкиот за нас пример, туку да го следиме црковниот обичај, и свештениците да принесуваат свети дарови на жртвеникот на гладно срце, и кон причестувањето исто така да пристапуваат гладни“.

Тоа е очигледно и од праксата која постоела за време на причестувањето на Литургијата на Претходноосветените дарови, кога се извршувала во среда и петок навечер. Верните, подготвувајќи се да се причестат со Божествената Евхаристија, ништо не јаделе до времето на причестувањето. Исклучок од ова општо правило се прави, согласно со 9. правило на свети Никифор Исповедник, само за оние што биле пред умирање, на кои им се разрешувало давање Евхаристија „и по јадење“.

5. Другиот услов, којшто го бараат свештените правила е воздржување пред Божественото причестување. Како што свештенството, коешто ја извршува Божествената Литургија, („на Божествените Тајни да им пристапуваат осветените“) така и верните кои се подготвуваат да пристапат кон Божествената Причест, во навечерието треба да се воздржуваат од своите сопруги и сопрузи. Свети Никодим Светогорец го објаснува 13. правило на свети Тимотеј Александриски, и вели, дека сопружниците не се должни да имаат телесни односи во сабота и недела (и општо на сите празници) доколку во тој ден се извршува Литурија, тие се должни да се подготвуваат за учество во Божествената причест.

6. Чистотата, неопходна за нашето учество во Божествената Евхаристија, изискува, согласно со правилата, жените да не се причестуваат во периодот на месечното чистење, туку најпрво да се очистат и дури потоа да пристапат кон Божествената причест (2. правило на светиот Дионисиј Александриски и 7. правило на светиот Тимотеј Александриски). Таа, пак, забрана се однесува и за мажите, т. е. и тие исто така не смеат да се причестуваат кога во претходната ноќ имале истекување, т. е. полуција за време на сон.

7. По сè што беше кажано погоре за востановените канонски услови за верните кои се подготвуваат за причестување, ќе се вратиме кон нашето почетно прашање: Колку и како треба да постиме пред Божественото причестување?

Ни древната црковна пракса, ни свештените канони не определуваат никаков посебен пост за оние, кои се подготвуваат да пристапат кон светата Евхаристија. Во апостолско време, па и подоцна, верните се причестувале по заедничката вечера. Се разбира, подоцна поради многу причини престанала оваа пракса и побожноста пред Божествената причест ја поттикнала Црквата да определи, верните да се причестуваат на гладно срце, т. е. да се воздржуваат од секаква храна и од вода по вечерата или, барем од полноќ па до причестувањето. Црковните правила го определуваат само тој евхаристиски пост и ништо друго.

8. Тоа што пред Божественото причестување нема посебен пост, се гледа и од практиката, којашто од древност ја следат клириците. Подготвувајќи се за служење Литургија, тие го запазуваат само основниот евхаристиски пост, т. е. се воздржуваат од храна и вода, од полноќ па до завршувањето на Литургијата.

9. Иако, веројатно, може да се смета за израз на побожност, распространетиот обичај да се пости три дена без масло пред Божествената причест, кој до наше време го запазуваат многу христијани, сепак тој не е основан од вистинското Црковно Предание. Тој влегол во црковниот живот во периодот на богослужбено назадување, и за жал до нашево време е поврзан со неоправданото ретко учество на многумина верници во таинството на Евхаристија, а во многу случаи тоа особено е точно за нашево време, и е поврзан со одбивањето на истите верници да ги запазуваат од Црквата востановените повеќедневни и еднодневни пости.

Ако буквално го запазуваат тој обичај на тридневен пост, тогаш, за жал, верните никогаш, освен за Пасха, не можат да се причестат во неделите, бидејќи каноните забрануваат пост во сабота. Меѓутоа на тој начин се уништува пасхалниот карактер на воскресниот (неделниот) ден и за време на неделното собирање во црква, верните остануваат далеку од Вечерата Господова, останувајќи само обични гледачи на свештенодејството!

10. Доаѓајки кон крајот, да забележиме: несомнено, постот секогаш е полезен, па и пред Божественото причестување, иако црквата не пропишала таков пост. Но токму тој пост, запазуван од верните доброволно или по совет на духовникот, не треба да стане препрека за нашето често учествување во Евхаристијата – токму тоа го бара и природата на ова таинство, што упорно го истакнуваат свештените канони и што го потврдува древната црковна пракса.

Оние верници, коишто можат да се причестат во недела, задолжително треба да запазуваат пост без масло во петок. Во сабота од почит кон канонската забрана за пост тие треба да употребуваат храна со растително масло. Напротив, за вечера да вкусат што е можно поедноставна храна: лесна ужина, сушени или свежи овошја. На ваков начин ние и ги запазуваме свештените канони, кои забрануваат пост во сабота, и до некој степен телесно се подготвуваме за учествување во неделната Евхаристија.

(Белешка: редовно можат да се причестуваат верниците кои редовно постат, односно, секоја среда и петок и четирите големи пости, и кои редовно се исповедаат кај својот духовник – свештеник или епископ, и од него добиле благослов за да се причестуваат редовно.)

 

--------------------------------------------------------------------------------

[1] Ја востановил Божествената литургија (бел. на прев.)

  

Ѓакон Јани Мулев

Извор:

 http://crkvaveles.wordpress.com/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6578
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5559
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная