П.  Што е грев?      
О.  Грев е прекршување на Божјите заповеди.
      
П.  Со што ние грешиме?      
О.  Првенствено со збор, дело и помисла, а исто така и со петте сетива: поглед, слух, мирис, вкус и допир
.      
П.  Како се делат гревовите?     
О.  Според Светото писмо, некои гревови водат во смрт, а некои не. 
     
П.  Што е смртен грев?      
О.  Смртниот грев е непокорен бунт на човекот против Божјата волја и таквиот грев го одделува човекот од Божјата благодат и уништува секое добро во душата.      

П.  Како се делат смртните гревови?      
О.  Смртните гревови се делат на прародителски и лични.   
   
П.  Што е прародителски грев?      
О.  Прародителски грев е прекршување на Божјата заповед што му беше дадена на Адама во рајот
.      
П.  Со што се истребува овој грев?      
О.  Со крвта на Синот Божји, во Светото крштавање. 
     
П.  Што е личен грев?  
О.  Личен грев е онај којшто ние сме го направиле по Светото крштение со својот разум и волја во зрела  возраст, а против Божјиот и моралниот закон.      

П.  Со што се истребува овој грев?      
О.  Со чисто и вистинско покајание и со Крвта на  Синот Божји. 
     
П.  Што е несмртен грев т. е. којшто се простува?      
О.  Несмртен грев е онај којшто не нè  лишува од благодатта и може лесно да биде простен.

П.  Колку несмртни гревови има?      
О.  Не е можно да се избројат несмртните гре- вови, според Псалтирот: Паѓањата во гревови кој ќе ги разбере (Пс. 18, 13)?  
    
П.  Колку смртни гревови има?      
О.  Гревови смртни, изворни и главни има седум 1) гордост, 2) лакомост, 3) блуд, 4) завист, 5) стомако- угодие, 6) злопамтие, 7) мрзливост. Сите овие гревови се нарекуваат главни, почетни зашто од нив произлегуваат сите други гревови.  
    
П.  Со што се победуваат овие гревови?     
О.  Со спротивните на нив добродетели и тоа:

1) гордоста се победува со кроткост и смиреност,
2) скржавоста со дарежливост,
3) блудот со противење на телото и со чистота,
4) зависта со љубов,
5) стомакоугодието со воздржаност и трезвеност,
6) злопамтието или гневот со трпение и кроткост,
7) мрзливоста со ревност и трудољубие.    
  
П.  Уште какви гревови има?     
 О.  Следуваат шест што се нарекуваат гревови против Светиот Дух:
1) неоснована надеж на Божјата милост,
2) очајување за своето спасение,
3) противење на знаена, утврдена и несомнена вистина и отфрлање на Православната христијанска вера,
4) завидување на духовните дарови што нашите ближни ги примаат од Бога,
5) пребивање во гревови и соучествување во злобата,
6) немар за покајание сè до крајот на својот живот.
Има уште четри гревови што викаат  до  небото  за   одмазда.   Тоа   се:  
1)  намерно   убиство на човек,
2) неприроден блуд,
3) угнетување на сиромашните, особено на вдовици и сирачиња,
4) неиздавање и закинување на заработката на оние коишто се трудат за нас. 

П.  Со што се победуваат овие гревови?      
О.  Со добродетелите и со вардење на Божјите за- поведи, со скрушување на срцето, со покајание, испо- вед и епитимија.
      
П.  Кои добродетели христијанинот е должен да ги врши и упражнува постојано?      
О.  Следниве: на прво место, ден и ноќ да се поучува Божјиот закон, како што вели Псалмопевецот во првата псалма, и како второ, да се моли на Бога во секое време, како што Христос ни објавува во  Евангелието:  Чувајте  се,  вашите срца  да  не отеж-нат од разузданост, пијанства и претерани грижи за животот; и да не дојде на вас овој ден одненадеж како примка; ќе дојде имено на сите кои живеат по сета земја. Туку бидете будни и молете му се на Бога во сето време, за да сте кадри да го избегнете сето тоа што ќе се случи за да застанете пред Синот човечки (Лк. 21, 34 - 36).

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995