Скопје, 12.01.2017- Соборен храм на св. Климент Охридски, на празникот насветиот Зиновиј и сестра му Зиновија; светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем

 

  

Светиот свештеномаченик Зиновиј
и сестра му Зиновија

 

На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26). -Свети Никола Кавасила

 

 На 12. 11. 2017, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на светиот Зиновиј и сестра му Зиновија; светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем, во Соборниот храм на св.Климент Охридски во Скопје, свештеникот  Зоран Копчаревски во солужение на протоѓаконот Антонио Дујовски и ѓаконот Александар Димитријов отслужи Божествена Литургија.Во текот на Литургијата свештеникот Зоран Копчаревски толкувајќи го денешното Евангелие произнесе празнична беседа. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

  

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)