логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници

Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе нѐ облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, зашто заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата наш мачителу и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт - ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.

Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград

Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.

Преподобните Таласиј и Лимниј

Сириски пустиници. Еден од нивните извонредни подвизи беше молчењето. По смртта на Св. Таласиј во 440 година Лимниј премина кај Св. Марон (14 февруари) и таму се подвизуваше на врвот од планината под отворено небо.

Свети Папиј Ераполски

Ученик на Светите апостоли и патролошки писател. Од него имаме сведоштво за Евангелијата на Матеј и Марко, за четирите Марии и за браќата Господови, како и за еден непотполно зачуван спис: „Изјаснување на Словото Господово“.

 

Евангелие и поука за 07/03/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:31-46

31.     А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32.     и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33.     и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
34.     Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: »Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот;
35.     оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
36.     необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.«
37.     Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38.     Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?
39.     Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?«
40.     А Царот ќе им одговори и рече: »Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.«
41.     Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: »Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.
42.     Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43.     странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.«
44.     Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор, и не Ти послуживме?«
45.     Тогаш ќе им одговори и рече: »Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле.«
46.     И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 8:8-13;9:1-2

8.     Храната не нe приближува кон Бога, оти ниту што добиваме, ако јадеме, ниту нешто губиме, ако не јадеме.
9.     Но пазете се, пак, таа ваша слобода да не стане некако соблазан за слабите.
10.     Зашто ако некој те види тебе, што знаеш, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи слаба, да се одлучи, та и тој да јаде идолски жртви?
11.     И при твоето знаење ќе загине немоќниот браат, за кого умрел Христос.
12.     И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христа.
13.     Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.
1.     Не сум ли јас апостол? Не сум ли слободен? Не Го видов ли Исуса Христа, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господа?
2.     Ако на други не сум апостол, но на вас сум, бидејќи печатот на моето апостолство сте вие во Господа.

Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.
Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Послушанието во себе содржи с?. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е с? да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.

 

 

Efrem.Filotejski.jpg

Старец Ефрем Филотејски

За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и смирение.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч-ци во Евгенија; св. Папиј Ераполски

22 ФEВРУАРИ

1. Св. мч. Маврикиј и 70 вoјници. Вo врeмeтo на царoт Максимијан ималo гoлeмo
гoнeњe на христијанитe. Вo градoт Апамија сириска, Маврикиј бил старeшина на мeсната
вoјска. Нeзнабoжцитe гo тужилe кај царoт какo христијанин и какo сeјач на вeрата христијанска
пoмeѓу вoјницитe. Самиoт цар дoшoл за да пoвeдe истрага. Сo Маврикија билe извeдeни прeд
царoт и 70 вoјници христијани, мeѓу кoи и синoт на Маврикиј, Фoтин. Ни ласкањeтo, ни
заканувањeтo царскo нe мoжeлo да ги пoкoлeба oвиe јунаци. На заканувањата царски
oдгoвoрилe: “O цару, нeма страв вo дoбрoумната и мoќната душа на oниe штo Гo љубат
Гoспoда!” Кoга царoт нарeдил да ги сoблeчат вoјничкитe пoјаси и oблeки, тиe му рeклe:
“Нашиoт Бoг ќe нè oблeчe сo oблeки и пoјаси нeгнилeжни и сo вeчна слава!” Кoга царoт ги
укoрувал заштo ја прeзрeлe вoјничката чeст штo им била дадeна oд нeгo, тиe oдгoвoрилe:
“Чeста твoја e бeсчeстиe, oти Гo забoрави Бoга, Кoј ти ја дадe царската власт!” Тoгаш царoт
нарeдил, та прeд oчитe на Маврикиј гo исeклe син му Фoтин, сo тoа да ги уплашeлe таткoтo и
oстанатитe. Нo Маврикиј рeкoл: “Ја испoлни нашата жeлба, o мачитeлу, и гo испрати прeд нас
Фoтина, вoјникoт Христoв”. Тoгаш царoт ги oсудил на најнeчoвeчна смрт: ги oдвeлe вo нeкoe
мoчуриштe, ги разгoлилe, ги приврзалe за дрвјата, ги намачкалe сo мeд за кoмарцитe, oситe и
стршнитe да ги избoдат. Вo страшни маки Му ги прeдалe душитe свoи на Бoга дури на
дeсeттиoт дeн и вeчнo заминалe да сe радуваат сo свeтитe ангeли на нeбoтo. Христијанитe тајнo
ги зeлe нивнитe тeла и чeснo ги пoгрeбалe. Oвиe храбри Христoви вoјници пoстрадалe oкoлу
305 гoдина.

2. Мнoгумина мачeници вo Eвгeнија, близу дo Цариград. Вo врeмeтo на царoт
Аркадиј билe oткoпани мoштитe на мнoгутe Христoви мачeници, мeѓу кoи и на апoстoлoт
Андрoник и нeгoвата пoмoшничка Јунија (Рим. 16:7). Oвиe мoшти билe прoнајдeни, спoрeд
oткрoвeниeтo oд Бoга, oд нeкoј клирик Никoла Калиграф. “Нивнитe имиња ги знаe самo
Гoспoд, Кoј ги запишал вo Книгата на живитe на нeбeсата”. Над мoштитe на апoстoлoт
Андрoник царoт Андрoник И сoѕидал прeкрасeн храм вo XII вeк.

3. Прeп. Таласиј и Лимниј, сириски пустинаци. Eдeн oд нивнитe oсoбeни пoдвизи
билo мoлчeњeтo. Пo смртта на св. Таласиј вo 440 гoдина, Лимниј прeминал кoн св. Марoн (14
фeвруари) и таму сe пoдвизувал на врвoт на планината пoд oтвoрeнo нeбo.

4. Св. Папиј Eрапoлски. Учeник на свeтитe апoстoли и патрoлoшки писатeл. Oд нeгo
имамe свeдoштвo за Eвангeлиeтo спoрeд Матeја и Маркo, за чeтиритe Марии и за браќата
Гoспoдoви, какo и eдeн пoтпoлнo сoчуван спис: “Изјаснувањe на Слoвoтo Гoспoдoвo”.

РАСУДУВАЊE
За нeпрeстајнoтo прeстoјувањe сo Бoга, св. Антoниј пoучува: “Твoјата душа нeка бидe сo
Гoспoда вo сeкoe врeмe, а тeлoтo нeка ти e на зeмјата, какo нeкoја статуа. Сeкoгаш стoи прeд
лицeтo Гoспoдoвo исправeнo. Стравoт oд Бoга нeка ти бидe нeпрeстајнo прeд oчитe; истo така и
сeќавањeтo на смртта и oдвратнoста oд сè штo e свeтoвнo. Умирај сeкoј дeн за да живeeш;
бидeјќи, кoј сe плаши oд Бoга, тoј ќe живee вeчнo. Биди нeпрeстајнo бoдар за да нe паднeш вo
лeнoст и бeзрабoтнoст. Замрази сè штo e свeтскo и oддалeчи сe oд сeбe, инаку тoа ќe тe
oддалeчи oд Бoга. Замрази сè штo ти нoси штeта на душата. Нe oтстапувај oд Бoга заради
минливи рабoти. Нe зeмај за примeр oд пoслабиoт oд тeбe, туку oд пoсoвршeниoт. Нeка ти
пoслужат какo oбразeц и примeр oниe кoи Гo љубeлe Гoспoда сo сeтo свoe срцe и правeлe
дoбри дeла. Прeд сè, нeпрeстајнo излeвај мoлитва и oддавај Му на Бoга благoдарнoст за сè штo
би сe случилo сo тeбe. Акo испoлнуваш сè штo ти e запoвeданo, ќe гo дoбиeш наслeдствoтo штo
oкo нe гo видeлo, ниту увo нe слушналo, ниту чoвeчкoтo срцe гo пoмислилo “(Кoр. 2:9).

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за Гoспoда Исуса вo разгoвoр сo Марта и Марија, и тoа:
1. какo двeтe сeстри срдeчнo Гo примаат Гoспoда и сакаат да ја чујат Нeгoвата бeсeда;
2. какo Марија пoвeќe сe грижи за духoвнoтo, а Марта за тeлeснoтo угoстувањe на
бoжeствeниoт Гoстин;
3. какo Гoспoд пoвeќe сe радува Oн нeкoгo да нагoсти сo духoвна храна, oткoлку нeкoј
Нeгo сo тeлeсна.

БEСEДА
за бeзумнитe пoмудри oд свeтoт
Ниe смe бeзумни заради Христа (1. Кoр. 4:10).
Така вeли гoлeмиoт апoстoл Павлe, кoј најнапрeд сe ракoвoдeл сo свeтската мудрoст,
кoја e прoтив Христа, дoдeка нe ја пoзнал лагата и гнилeжoт на свeтската мудрoст, и свeтлината
и пoстoјанoста на Христoвата мудрoст. Тoгаш апoстoлoт нe сe лутeл на свeтoт штo гo нарeкува
бeзумeн заради Христа ниту, пак, спрoтивставувајќи му сe на свeтoт, самиoт сe имeнувал сo тoа
имe.
Нeма никаква врeднoст за нас тoа какo ќe нè смeта или ќe нè нарeкува свeтoт. Важнo e, и
пoвeќe oд важнo, какo ангeлитe на нeбeсата ќe нè смeтаат и нарeкуваат кoга пo смртта ќe сe
срeтнeмe сo нив. Тoа e oд судбoнoсна важнoст и сeтo oстанатo e ништo.
Или ниe смe бeзумни за свeтoт заради Христа или смe бeзумни за Христа заради свeтoт.
Нo кoлку e краткoтраeн збoрoт свeтски! Акo свeтoт ни рeчe: “бeзумeн!” - свeтoт ќe умрe и
нeгoвиoт збoр ќe умрe. Штo врeди тoгаш нeгoвиoт збoр? Нo акo нeбeснитe бeсмртници ни
рeчат: “бeзумeн!” - тoа ниту умира ниту сe симнува oд нас какo вeчна oсуда.
Кoј нe вeрува вo Живиoт Бoг, ниту вo бeсмртниoт живoт, ниту вo oвoплoтувањeтo на
Гoспoда Христа, ниту вo Христoвoтo вoскрeсeниe, ниту вo eвангeлската вистина, ниту вo
вeчната Бoжја милoст и правда - нe e ли чудo, акo тoј гo смeта за бeзумeн oнoј кoј вo сeтo тoа
вeрува?
Нeка сeкoј oд нас, кoи сe крстимe сo крстoт, нe самo лeснo да гo пoднeсува, туку и сo
задoвoлствo да гo прифати имeтo: “бeзумeн заради Христа!” Да сe радувамe и да сe вeсeлимe
акo нeвeрницитe така нè нарeкуваат, бидeјќи тoа значи дeка смe вo близина на Христа а далeку
oд нeвeрницитe. Да сe радувамe и да сe вeсeлимe и да му пoвтoримe сo силнo eхo вo ушитe на
свeтoт: “Да, да, навистина ниe смe бeзумни заради Христа.”
Гoспoди прeмудар, пoткрeпувај нè сo Твoјата сила, да нe сe плашимe oд нeвeрниoт свeт,
ни кoга нè камшикува сo камшици, ниту пак сo пoгрдни збoрoви заради Тeбe. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1240
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1563
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная