ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светите
Христови бесребреници
Кир и Јоан
28 јуни / 11 јули

Чудесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
татковината наша заштити ја,
зашто си Единствен благ и Човекољубив.


Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на преподобниот отец
Павле лекар
28 јуни / 11 јули

Смирението твое Христос во лек го претвори
за душите човечки, а подвигот закитен со трпение
те направи достојнославен ученик Господов.
Затоа чест и славословие од нас денес прими,
Павле свет лекаре и на Христа Бога
моли се за наше спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Папиј
28 јуни / 11 јули

Капија која води кон спасение стана за твоите мачители,
и за мноштво души кои Бога не го познаваа,
о свети Папие мачениче,
и восхит за бестелесните кои видоа
подвиг надумен од Бога закрепнат.
Затоа за нас моли се, ти кој невенлив
победоносен венец од рацете Христови прими.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Сенуфиј знаменосец
28 јуни / 11 јули

Пустински подвижниче, Сенуфие преподобен оче,
знамение од срцето твое:
ликот Христов на царска порфира се појави,
и непријателот го посрами.
Радувај се свети чудотворче, на кого
благодатта силна молитва подари
и за наше спасение моли се.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на блажениот и праведен
Сергиј магистра
28 јуни / 11 јули

Блажен си ти Сергие на кого Мудроста
вистината ја откри и ревносен исповедник те направи,
по чии молитви нам прозори кон вечноста ни се отвораат,
и праведен си ти слуго Божји,
на кого љубовта кон ближниот
стана ода на радоста кон Господа.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (11.07.2021)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

Св. маченици Кир и Јoван. Oвиe свeти мачeници сe празнуваат на 31 јануари. Пoд таа дата и e oпишанo нивнoтo житиe и страдањe. А на 28 јуни сe празнува прeнoсoт на нивнитe мoшти oд Канoпoс вo Манутин и мнoгубрoјнитe чуда штo сe случилe oд нивнитe мoшти. Свeти Кирил, патријарх Алeксандриски, усрднo Му сe мoлeл на Бoга да гo уништи идoлскoтo нeчeстиe вo мeстoтo Манутин, кадe штo ималo идoлски храм и кадe владeeла дeмoнската сила. Тoгаш на патријархoт му сe јавил ангeл Бoжји и му рeкoл дeка Манутин ќe бидe исчистeн oд нeчeстиeтo, акo тoј ги прeнeсe на тoа мeстo мoштитe oд св. Кир и Јoван. Патријархoт тoа вeднаш и гo направил: ги прeнeсoл чeснитe мoшти на мачeницитe вo Манутин и таму изградил црква вo нивнo имe. Oд мoштитe на oвиe мачeници oд шкрoфула (тубeркулoза на лимфнитe жлeзди вo вратoт) сe исцeлил Амoниј, синoт на алeксандрискиoт градoначалник Јулијан; нeкoј Тeoдoр oд слeпилo; Исидoр oд Мајум сe исцeлил oд гниeњe на црниoт дрoб; жeната Тeoдoра oд затруeнoст, нeкoј Eвгeниј oд вoдeна бoлeст, какo и мнoгу други oд разни бoлeсти и маки. Сeтo oва сe случилo вo 412 гoдина.

 

Преподобен Сенуфиј Знаменосец   

Голем испосник и чудотворец од Мисирската пустина. Современик на патријархот Теофил и царот Теодосиј Велики. Наречен Знаменосец бидејќи еднаш со молитва му помогна на царот Теодосиј да ја одржи победата над непријателската војска. Кога царот го повика да појде во Цариград, му одговори дека не може, но му испрати едно свое ветво расо и стап. Кога тргна да војува, царот го облече расото на Сенуфиј и го понесе неговиот стап. Од војната се врати како победник.

Преподобен Павле Лекар

Роден коринтјанин. По школувањето се повлече во манастир и стана монах. Водеше голема борба со нечистиот дух на блудот. Кога го изгони од себе со силата на Крстот, духот тргна да му напакости со тоа што ја натера една развратна жена да рече дека со Павле родила дете. Тогаш еретиците го извлекоа од манастирот, му го дадоа детето в раце и го водеа по градот за да го плука толпата. Детето имаше само неколку дена. Свети Павле се помоли срдечно на Бога и му рече на народот: „Еве, нека каже детето кој му е татко!“ А детето ги испружи рацете, покажа на некој ковач и рече: „Овој ми е татко, а не Павле монахот!“ Противниците на Павле се посрамија, а нему Бог му даде голема исцелителна моќ, така што кога ги ставаше рацете на болните, оздравуваа. На старост се упокои мирно