ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Пренос на моштите
на свети Стефан
2 август / 15 август

Од твоите страдања со царски венец
се венча твојата глава,
за сето она што го претрпе за Христа Бога,
о Стефане прв маченик помеѓу мачениците;
ти кој Јудејското безумие го изобличи,
го виде Твојот Спасител оддесно на Отецот.
Него, Него моли Го за нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА

    Тропар на преносот на моштите
на светиот првомаченик Христов
Стефан
2 август / 15 август

Каменот што Го отфрлија Јудеите,
Стефане свети, како роса Ермонска те обви тебе,
првомаченикот Свој и волјата Негова која ти ја бараше,
те поведе по море и градови
до местото на твоето земно поклонение.
Песнопеејќи „Слава на Бога во висините“:
исцеленија духовни и телесни мноштво добија;
„На земјата мир и меѓу луѓето добра волја“,
по твоите свети молитви.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Стефан папа Римски
и други со него
2 август / 15 август

Венцоносен слуго Божји,
блажен исповедниче Христов,
пастиру смирен кој со благодатта незалезна
мноштво кон спасение приведе,
Стефане оче свети, моли Го Спасителот
очи да ни избистри, од лагата избави
и спаси нашите души.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 
Тропар на светиот
Христов праведник
Василиј блажен јуродив
Московски чудотворец
2 август / 15 август

Блаженството на бедните како дијадема ја краси
круната твоја небесна, о Василие Божји човеку.
Чистотата на душата твоја
молитвено ги озарува душите наши,
о мудрост по Христа која луда беше за овој свет.
Не заборавај на нас ти горостасу
Господов и дете ангелско.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Од Верскиот календар на МПЦ (15.08.2023)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Откривање и пренос на моштите на 

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

 sv.Stefan.kamenuvanje.jpg

Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив. И според заветот што го остави и самиот Гамалиил беше овде погребан.

sv.Stefan.kamenuvanje.jpg

Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на Свети Стефан. Но во 415 година, во времето на ерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и потенко му раскажа сѐ за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови. Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски. Тогаш моштите на Свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква. Од моштите на Свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној којшто прв ја пролеа својата крв за Неговото име.

Светиот свештеномаченик Стефан, папа Римски
и другите со него

Беше папа во Рим од 253 до 257 година. Се бореше против еретиците новацијани. Ја исцели Лукила, ќерката на трибунот Немезиј, па ги крсти и двајцата. Пострада во времето на Валеријан со уште дванаесет свои клирици. Убиен со меч за време на литургија.


Светиот блажен Василиј, јуродив Московски

Татко му се викаше Јаков, а мајка му Ана. Во својата шеснаесетта година се предаде на подвиг на јуродство и во тој тежок подвиг издржа седумдесет и две години. Сѐ на сѐ живееше осумдесет и осум години. Немаше никакво постојано пребивалиште. Исправаше грешници, укоруваше големци, прорекуваше вистинито, имаше далечински виденија. Откако се изнатрпи во глад, во мраз, во човечки навреди, Му ја предаде својата света душа на Господ. На погреб му дојдоа царот Иван и московскиот митрополит. Погребан е во храмот на Пресвета Богородица во Москва, кој после се нарече со неговото име.