ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светата
Христова великомаченица преподобна
Анастасија Римјанка
29 октомври / 11 ноември


7.Vselenski.sobor

Света девојко Анастасио,
ние кои те прославуваме,
срцата кон Небесата  ги подигнуваме,
со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,
моли се за нас о великомаченичке,
удел да имаме во Твоето воскресение,
по твоите молитви, по Твојата вера во Господа,
радувај се, преподобна Анастасио, света девственичке,
прославена на Небото од Ангелите.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобната мајка
Ана
во монаштво Ефимија
29 октомври / 11 ноември

Благословен е од Господа подвигот твој свет,
о, Ано мајко наша преподобна,
која облагодатена телесното го надмина
за Христа душа своја обручи, а Он сад на милоста Своја
од тебе направи, приведувајќи мнозина кон спасение.
Затоа застапи се за нас пред Него, света подвижничке,
кои на твоите свети молитви се надеваме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Тимотеј Есфигменски
29 октомври / 11 ноември

Блажен си ти преподобен оче Тимотее,
на кого Господ прегрешенија опрости
и благодат подари на маченичката облека твоја,
како на убрус од Него осветен.
Моли се за нас страдалниче
кој татковската љубов ја надмина,
на Бога угодувајќи и така со двоен венец
од Христа Господа се закити.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Аврамиј Ростовски
29 октомври / 11 ноември

Измоли од Господа благодат за нас,
о, Аврамие свети подвижниче,
кои славословие и чест воздаваме на Неговото свети Име,
кое ти катадневно Го повикуваше,
и нека со силата од Бога ти дадена отстапат од нас
сите привиденија и непријателски напасти,
по твоите свети молитви.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Аврамиј Затворник
и Марија подвижничка
29 октомври / 11 ноември

Аврамие, Аврамие оче свет благодатен,
на кого Господ подари ревност,
диви ѕверови во облик човечки да скротува,
а ти од нив со силата Господова стадо Христово направи.
Не презирај ги оче свети, нашите молитви
преку тебе кон Бога принесени, туку како што Спасителот
ја прости паднатоста Мариина по твоето застапништво,
така и нас да не помилува по твоите свети молитви.

7.Vselenski.sobor 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата  преподобна Февронија

7.Vselenski.sobor
29 октомври / 11 ноември

Царевиот престол  го претвори во гнездо пустинско,
о, преподобна гулабице Христова Февронио,
гласот на пустината го стивна звукот на фанфарите,
о, ти смирено јагне Божјо
моли се за нас од пределите на  Божјата слава,
за да по твоите свети молитви душата наша се спасува.

 7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
Христова маченица
Милитина
29 октомври / 11 ноември

Голотијата на телото твое ја облече
душата во порфира благодатна, и украси јазикот
со зборови исповеднички на верата во Христа,
о, Милитино слугинко света Господова.
За светот умртвена, но жива за Бога,
моли се за нас света маченичке,
да останеме верни, на Оној Кој прв нé возљуби.

7.Vselenski.sobor 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 11/11/2023 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023лето Господово

 Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките. Анастасија ѝ рече: „Готово е срцето мое да пострадам за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос. А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласакња, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа. На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабожците го убија. Ѝ ги отсекоа градите и јазикот. Ѝ се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.