Pece.Blagovest.jpg

 Недела на св.Марија Египетска и Благовештение во Дортмунд.

Pece.Blagovest.jpg


Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г.Пимен ја посети МПЦО св.Кирил и Методиј и  во петтата недела од Велигденскиот пост посветена на св.Марија Египетска и празникот свето Благовештение со парохискиот свештеник Душко Пецов отслужи света Архиерејска Литургија. .Многуброен верен народ присуствуваше на св.Литургија,мегу кои беше и Рудигер Шмидт, Градоначалник на општина Дортмунд -Шарнхорст ,и претставник од Македонската амбасада од Бон.
Неизмерна беше радоста на лицата на сите верници кои со страв Божји пристапија кон св.Причест и со голема почит земаа благослов од Неговото Високопреосвештенство г.Пимен.
Собрани околу својот епископ сите присутни покажаа дека иако далеку од родната татковина си ја знаат својата вера.Многуброен млад народ ,дечиња со своите родители ,со своите баби и дедовци сите на едно место со љубов во срцата и со насмевка на лицата.Само така сплотени ке му бидеме мили и на Нашиот Господ Исус Христос и Црковната Општина ке опстојува и ке биде за пример.
Вратите се широко отворени за сите верници од овие простори и секој слободно може да повели на молитва ,секој може слободно да си ја исповеда својата вера.Вредните домакинки за сите присутни гости спремија многу вкусни јадења и десерти.
Да му благодариме на Господа што ни го дал Високопреосвештенејшиот владика наш г.Пимен правилно да не раководи и упатува по вистинскиот пат Христов.

 Pece.Blagovest.jpg

 Pece.Blagovest.jpg

  Pece.Blagovest.jpg

 Pece.Blagovest.jpg

 Pece.Blagovest.jpg

 Pece.Blagovest.jpg

     

Известува-презвитера Анита Пецова.