starec.Gavrilo.G.jpg

   „Можат да ве прогонуваат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“ – свети Гаврил Грузиски

 Monk_Gabriels_Blood

 

Чудо

Неколку дена пред смртта на старецот Гаврил, решив самиот да му земам  крв за анализа. Кога му го реков тоа, ме праша зошто ми е тоа потребно. Му објаснив дека треба да го проверам хемоглобинот и да направам уште некои анализи. Тој ми одговори: „Не, тоа не е потребно. Мене не ме интересира тој ваш хемоглобин!“  Го фатив за рака и му реков дека Бог ќе ме казни  доколку нешто му се случи. Инсистирав да го направам тоа. „Ако Бог би те казнил поради тоа, еве, земи колку сакаш!”, рекол старецот. Му земав крв и не ни претпоставував дека ќе се случи чудо.

Обично за анализа земаме околу 10 мл крв. Мојот колега го зеде примерокот и го однесе во Тбилиси. Меѓутоа, шишенцето со крвта му падна, се отвори и речиси сета крв се излеа, а во шишенцето останаа околу 2 мл крв. Во лабораторијата ме убедија дека има доволно крв и ја зедоа за анализа.

Наредниот ден отецот имаше проблеми со килата, и јас се обидов да го средам тоа, но проблемот одново се пројави. Го убедував да се оперирa. Тој одби, велејќи: „Со дванаесет години тргнав по Твојот пат, Господе, и изморен сум! Земи ја мојата грешна душа, не можам веќе!“ Му реков дека сѐ што е потребно ќе донесам во ќелијата и дека тука ќе го оперирам. Тој ми се заблагодари и ми рече дека не го сака тоа. Заминав со суморни мисли: евтаназијата е грев, но кога нема да му помогнеш на некого, и тоа, исто така, е „евтаназија“.
 
На враќање навратив кај патријархот Илија. Тој детално ме распраша за сѐ, и благослови да не преземаме ништо, според желбата на старецот, зашто, ако се случи да не преживее, тоа нема да биде моја вина, туку Божја волја, а и самиот старец рекол дека е изморен.

Наскоро ми јавија дека старецот Гаврил е во тешка состојба. Кога пристигнав, старецот лежеше и ја гледаше иконата на свети Николај Чудотворец, не симнувајќи го погледот од неа. Го прашав дали нешто го вознемирило, Ништо не ми одговори. Вечерта дојде владиката Данило и ја прочита молитвата за излегување на душата. Кога је завши молитвата, отецот Гаврил се насмевна, телото му затрепери и срцето престана да му чука. Си замина.

 

 

 

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 
  • 3-ти април, лето Господово 2014

Друго:

 Житие на свети Гаврило Грузијски (1дел) - 31.03.2014

 Житие на свети Гаврило Грузијски (2дел) -01.04.2014