Monk_Gabriels_Blood Житие на свети Гаврило Грузијски (4 дел) - 10.04.2014

 


 starec.Gavrilo.G.jpg

    „Можат да ве прогонуваат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“ – свети Гаврил Грузиски

  По неколку години, ме повика еден колега и ми рече дека нешто средувале во лабораторијата и дека го нашол шишенцето во кој беше крвта на старецот Гаврил, земена пред четири години. Ми рече: „Знаеш, таа крв… таа крв е како свежа!“ Сакав да го видам тоа. Навистина, крвта изгледаше свежа, не беше згрудчена, засирена, не беше распадната. Зедов една капка си шприц, направив препарат и го однесов во лабораторијата. Анализата покажа дека е се нормално!
Кога им рековме дека крвта стои во шишенцето четири години, не ни поверуваа. Ни самите не знаевме што најдовме. Го однесовме примерокот кај началничката на катедрата за патологија. Таа го погледна и рече дека такво нешто никогаш не видела. Ни предложи да го дадеме како анонимен примерок во Институтот за трансфузија, за да видиме што тие ќе кажат. И оттаму стаса истиот одговор - се е нормално, само што незначително е намалена големината на црвените крвни зрнца.
Отидов кај патријархот и му раскажав што се случило со крвта на старецот Гаврил. Патријархот не сакаше да брза. Рече дека треба уште малку да се почека со наодите: „Бог ќе знае што е тоа. Не фрлајте ја таа крв, ставете ја во земјата во која е погребан и упокоен старецот.“ Така и направивме. Го закопавме шишенцето во гробот на старецот Гаврил. Таму веќе се случувале чуда и луѓето доаѓале од сите краишта на Грузија, земајќи со себе осветено масло и земја од гробот на старецот.

Знаевме дека ќе биде светител

Тие чудесни исцелувања, коишто се случувале по упокојувањето на старецот, покажале дека тој не бил обоичен монах.  Ние знаевме, бевме сигурни, дека ќе биде канонизиран. Кога се случи тоа, ме преплавија емоции.
Чувствувам во секој миг  дека тој е крај мене. Кога ќе ми се случеше некоја несреќа, веднаш ја повикував неговата помош и застапништво. Така еднаш се случи автомобилот да ми се расипа во ненаселено место и не знаев како да стасам дома. Гледам - на седиштето календар со ликот на старецот и тој ми се насмевнува. Се помолив: „Оче Гаврил, помогни ми!“ Одеднаш од некаде се појави автомобил и од него излезе еден човек. „Ќе ви помогнам“ ми рече и ме дошлепа до дома.

За тоа како старецот Гаврил го исцели мојот татко

Отецот Гаврил на извесен начин секогаш беше со нас. Мојот татко во 89. година доби преплет на цревата и состојбата му беше мошне тешка. Без оглед на неговите години, се осмеливме да извршиме операција, но истиот проблем се повтори по 7 дена. Одлучив навечер повторно да го оперирам, за да не се мачи. Се сетив дека имам малку масло од кандилото на гробот на отецот Гаврил. Го земав маслото и со него го намачкав стомакот на татко ми, изговарајќи ја молитвата: „Отец Гарвил! Јас тебе ти помогнав, а ти помогни му на мојот татко!“ Излегов од собата, а по 10-15 минути ме повика татко ми и ми рече: „Види, завојот целиот ми е натопен.“ Кога го прегледав констатирав дека е се во ред и дека операцијата веќе и не е потребна.
Го повикав професорот и му реков дека до исцелувањето дошло откако татко ми го помазав со масло. Ме праша со какво масло го помазав, и јас му објаснив. „Каква глупост“, рече тој. „Тоа не е глупост, тоа е чудотворно масло“, реков. Ме праша од што е направено. Му одговорив дека се работи за обично масло, коешто станало чудотворно со Божја сила и дека тоа чудо се случило со лице коешто ми е  блиско.

 

 

 

 

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 
  • 13-ти април, лето Господово 2014

Друго:

 Житие на свети Гаврило Грузијски (1дел) - 31.03.2014

 Житие на свети Гаврило Грузијски (2дел) -01.04.2014

 Житие на свети Гаврило Грузијски (3 дел) - 03.04.2014

  Житие на свети Гаврило Грузијски (4 дел) - 10.04.2014