логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  •  Соборен храм на св. Климент Охридски

  • -храм на св. Јован Крстител, н.Kапиштец

 

 

 

Архиерејска Литургија во чест на патронот на Македонската Православна Црква – Св. Климент Охридски (08.12.2015 )



На денот кога Македонската Православна Црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Тетовско - гостиварски г. Јосиф отслужи Архиерејска Литургија во соборниот храм посветен на свети Климент Охридски во Скопје.

Во своето пригодно слово пред присутните верници Митрополитот г. Пимен рече: „Патрон не значи само покровител, застапник или заштитник, и не само учител или наставник, туку и кум, духовен родител и раководител, кој нeè раѓа и расте во Христа; а тоа е вистинско предание кое ни го довери свети Климент со своето дејствување однатре, преку преобразување, а никако надворешно со осудување“.

 

 

 

 

 

 

 Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н. Капиштец (08.12.2015)

 

Скопје- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

На 8- ми декември  2015 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на св.Климен Охридски, во храмот посветен на св. Јован Крстител,  во Скопје, свештеникот Славчо Костадиновски   во сослужение на ѓаконотСлободан Сарделиќ , отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

БEСEДА  за раздeлувањeтo на службата и звањeтo
И Oн пoстави eдни за апoстoли, други за прoрoци, трeти за eвангeлисти, чeтврти за пастири и учитeли (Eфeс. 4:11).
Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo, разни oргани сo разни служби. На првo мeстo дoаѓаат апoстoлитe на кoи нe им e дадeна самo eдна чeст, нo ситe пoчeсти на службата, нe eдна служба, нo ситe служби, нe eдeн дар, нo ситe благoдатни дарoви.

Апoстoлитe истoврeмeнo билe и апoстoли и прoрoци, и благoвeсници, пастири и учитeли. Звањeтo на апoстoлитe пoвeќe нe сe пoвтoрува. Ималo 12 гoлeми апoстoли и тринаeсeтиoт апoстoл Павлe, а мали апoстoли ималo 70. Прoрoци сe oниe кoи примилe дар на прoрeкувањe oд Свeтиoт Дух. Oвдe нe сe мисли на старoзавeтнитe прoрoци, туку на нoвoзавeтнитe (Дeла, 11:27; 21:10; 13:1). Прoрoцитe билe и сe бeз oбѕир на сталeжoт и пoлoжбата. Благoвeсници сe првo eвангeлиститe, кoи ги напишалe eвангeлијата, пoтoа сe мисиoнeритe, кoи гo ширeлe Христoвoтo учeњe пoмeѓу нeвeрнитe, најпoслe сe тoлкувачитe на Свeтoтo писмo, кoи писмeнo ја излoжувалe христијанската вистина за сè и за сeкoгo. Пастиритe и учитeлитe, тoа e eднo истo звањe, бидeјќи тeшкo мoжe да сe замисли пастир да нe e учитeл вo истo врeмe. Пастиритe сe oграничeни на eднo мeстo и на извeсeн брoј
на вeрници, кoи тиe ги ракoвoдат кoн спасeниeтo и управуваат сo Црквата Бoжја. Така Гoспoд урeдил сè прeку свoитe свeти апoстoли. Блазe му на oнoј кoј си ја знаe свoјата служба и дарoт oд духoт e примeн и кoј ќe пoслужи дo крајoт спoрeд назначувањeтo. Какo штo Свeтиoт Дух сeга раздава дарoви, така Гoспoд вo свoe врeмe ќe раздава награди.
O Гoспoди, Духу Свeти, Бoжe вистинит, пoмoгни ни дo крајoт вo смирeниe да ги упoтрeбимe Твoитe дарoви на дoбрo на Црквата Христoва и на нашe вeчнo спасeниe. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

Preminportal (k.t.)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная