Скопје, 7- ми август 2016 год- храм Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар

 

 На 7-ми август 2016 година, во седмата недела по Педесетница, на празникот на Успение на св. Ана; преп. Олимпијада и Евпраксија, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар  во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа.

Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби.

Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш. - Свети Силуан Атонски

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)