На 09.08.2016 година, во организација на Тетовско-гостиварската епархија која секогаш е подготвена да помогне онаму каде има потреба, така и овој пат им излезе во пресрет на семејството Ангелески од с. Брвеница – Тетово кои се во тешка состојба. Епархијата обезбеди бела техника за нивниот дом и еднократна финансиска помош. Самохраната мајка која е родител на три малолетни деца му заблагодари на Митрополитот  Тетовско-гостиварски г. Јосиф, за помошта.

 

Извор: Тетовско- гостиварска епархија