Скопје, 27 - ми февруари 2018 год.- храм на св.Петка

Во вторникот од првата недела на Великиот Пост, на празникот на Упокоение на Кирил Солунски, старешината на храмот на св. Петка, отец Томе Велјановски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Утрена богослужба со великопосни часови и Литургијата на Претходно осветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Христови Дарови.

 

Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот. Иако го знаеме тоа, ние сепак често си ги бараме своите права овде. Ајде да не ги нарушуваме нештата ни малку. Ако некој нешто ни рече, веднаш му кажуваме што е право. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е вистинска смешка. Човечката правда на духовниот човек не му значи ништо, а има големо значење за една изопачена личност…Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго: