Скопје, 28-ми февруари 2018 г. -Соборен храм на св. Климент Охридски

 

На 28- февруари 2018 година, во првата среда од Великиот Пост, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Светиот апостол Онисим и Преподобен Евсевиј, отец Стевчо Беќарски во сослужение на отецот Каревски Ѓорѓија отслужи Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на Претходно осветени дарови.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во беседата о.Беќарски посочи да на секој  начин треба да го чуваме духовниот мир, да не се разбрануваме од навредите на луѓето околу нас,и по секоја цена да се воздржуваме од гнев, со помош на сражарење над самите себе.


Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.- Свети Серафим Саровски

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (К.Т)