Скопје, 16-ти март 2018 лето Господово - храм на св.пророк Илија

„Сакаш ли да се родиш за духовниот свет? Господ тропа на вратите на секоја душа. Нè повикува во храмот. Сака да нè спаси. Сè ни дава за животот, и не толку за земниот, колку за вечниот. Тој нѝ допушта страдања, за да можеме да размислиме што ќе се случува во идниот век. Заболувањето – ете потсетник да се помолиме и подготвиме за Причесната. Понекогаш сме толку зафатени што изгледа дека повеќе не нѝ е до Бога. И тогаш сме се разболеле – и веднаш се сетивме. Или одеднаш започна војната  – и луѓе во редици се во храмовите. Значи, секогаш кога имаме некакви проблеми. Со Бога, не е страшно. Господ помага.“