Колку мудро и со колку едноставни и јасни зборови Господ ни ја предава чудесната паралела за мудрите и неразумните девојки. Приказна навидум обична, но каква длабочина крие. Зашто преку неа Он вешто ни ја претставил Својата невеста – Црквата, која од една страна сѐ уште е во светот, делејќи ги неговите слабости и несреќи, а од друга, пак, со своето вистинско битие е надвор од светот и ревнува бодро насекаде да го објави и благовести доаѓањето на Царството и идниот век.
     
Кога грешницата миро принесуваше, тогаш ученикот со беззакониците се договараше. Едната се радуваше трошејќи го мирото скапоцено, а другиот брзаше да Го продаде Оној што нема цена. Првата Господа Го запознаваше, а вториот од Господа се разделуваше. Таа се ослободуваше, а Јуда роб на ѓаволот стануваше. Подмолноста е лоша, покајанието е големо. Него дарувај ни го, Спасителе, Кој пострада за нас, и спаси нѐ.

(Стихира на Хвалитните стихири, Велика Среда)

 

Велика среда од Страсната седмица
04 април 2018



Во светата и велика Среда од Страсната седмица, 4 април 2018 г., кога се сеќаваме на жената грешница што Го помаза Господа со миро, отец Зоран Велковски во сослужение на ѓаконот  Мартин Ѓуревски  отслужи Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче.На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

 

 

Преминпортал (к.т.)