РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИ ВО СТРАСНАТА И СВЕТЛАТА СЕДМИЦА ЗА
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)
2018 ГОДИНА

Страсна седмица:

02,03,04 АПРИЛ – Велики Понеделник,Вторник и Среда

07:30 часот – Утрена, Часови и Божествена литургија на Предосветените дарови.

17:00 часот Последование Жениху.

05 АПРИЛ – Велики Четврток

09:00 часот – Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“- о. Центар. По светата Литургија ќе се изврши Света тајна Елеосвештение во сите храмови.

18:00 часот – читање на 12 евангелија за Христовите страданија. Неговото Блаженство ќе богослужи во соборниот храм „Свети Климент Охридски“.



06 АПРИЛ – Велики Петок

08:30 часот – Царски часови со Велика вечерна.

Околу 10:00 часот – изнесување на Светата Плаштаница. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Преподобна Параскева (Петка)“ – н. Црниче.

18:00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос. Неговото Блаженство ќе богослужи во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.



07 АПРИЛ – Велика Сабота; Благовештение на Пресвета Богородица

09:00 часот – Света Василиева Литургија со Вечерна. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Свети Наум Охридски“ – н. Радишани.

( Според Типикот, трпезата во овој ден се разрешува на масло и вино)

23:00 часот –Полуноќница. По опходот околу соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и објавата на Христовото Воскресение, продолжува Утрената и Света Златоустова Литургија.



08 АПРИЛ – Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН

09:00 часот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи Воскресна Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

11:00 часот – Второ Воскресение, со читање на Евангелието на повеќе јазици – Едноцрквие во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

Светла седмица:

09 АПРИЛ– Воскресение Христово, втор ден

09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – o. Центар.

10 АПРИЛ– Воскресение Христово, трет ден

09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Преподобна Параскева (Петка)“ – н. Црниче.

13 АПРИЛ  – Преподобен Ипатиј Гангриски.  Источен петок (Балаклија)

09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Свети Јован Крстител“ – н. Капиштец.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Во Скопје, 2018 година

Од Канцеларијата на Скопската епархија

 

Манастирска црква на св.вмч.Георги, Криви Дол

06/24 -ВЕЛИКИ ПЕТОК - Во 08.00ч. Царски часови на Великите страданија Христови, - 1,3,6, и 9-ти час, изобразителна, вечерна со изнесување на Плаштеницата Христова од олтарот и поставување во Гробот на среде храмот. Во 18.00ч. Бдение –утринска со Статиите на Велики Петок- Плачот на Богородица над Гробот Христов, потоа Литија со Плаштеницата – опход околу Храмот.


07/25- ВЕЛИКА САБОТА ; БЛАГОВЕШТЕНИЕ;– Во 08.00ч.- наутро – Вечерна со Литургија /Василиева/, службата се зема од двата празници
+++ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО+++ 08/26 - сабота ноќта- во 23,30ч. Свечена Литија во 24.00ч објавувањето на Воскресението Христово , потоа Свечена Воскресна утрена и Литургија.


09/27- ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО втор ден- во 08ч. свечена утринска, во 08,45ч. литургија


10/28- ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО трет ден- во 08ч. свечена утринска, во 08,45ч. литургија


13/31- Источен петок – Балаклија; во 07,30 свечена утрена во 08,45ч. литургија


+++Неизмерна благодарност за преблагоста Твоја ,Христе, Цару наш, сите ти се поклонуваме Сине Божји ; Ти Си -Цар наш, Ти Си –Бог наш, Ти Си- Создател на нашиот живот и возвишена надеж наша! / псалтир на св. Ефрем Сирин/


Од свештенослужителот при храмот о. Горан Тасески
+++ Христос Воскресе радост донесе+++