\

 

 

 

 На 8 април 2018 година, старешината на храмот отец Трајче Петковски во сослужение на свештенството од храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопј,го објави светлото Воскресение Христово, за потоа да ереј Игор Димитриевски во сослужение на о.Драган Јанковски и ѓаконот Методиј Митановски отслужи  Златоустова Литургија.На Литургија,бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

„Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го пееме и славиме, зашто Ти си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме, со името Твое се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто ете, со крстот дојде радост на целиот свет. Постојано благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение: зашто откако претрпе распнување со смртта смртта ја разурна.“

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!

 

 

Повеќе

Преминпортал (к.т.)