Скопје, 14.102018 лето Господово- храм Свето Благовештение

„Кога се молиме со болка и со смирение,

Бог ја слуша молитвата и

одговара согласно со она што ни е од полза.“

 

vozdvizenie.jpg

Покровот на Пресвета Богородица    

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

 

 

 На 23-ти септември 2018 година, во дваесеттата  недела по  Педесетница, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение- во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа за големината и значењето на празникот Покровот на Пресвета Богородица.

 

 

„Вечен закон на небото е дека помалото ќе учествува преку повеликото во она што е над суштествувањето. Така, како што Мајката Дева е неспоредливо повелика од сѐ така и многумина што ќе учествуваат во Бог тоа ќе го направат преку Неа, и како што многумина ќе Го познаат Бог, ќе ја препознаат Неа како Онаа што Го носеше Несместливиот, и како што многумина ќе Го слават Бог, и Нејзе ќе ја воспеваат после Него. Таа е причината на сѐ што ѝ претходеше, заштитничка на сѐ што стана потоа и причината за вечни блаженства. Таа е тема на пророците, почеток на апостолите, поткрепа на мачениците, основа на учителите. Таа е слава на оние што се на земјата, радост на оние на небесата, украс на сето создание. Таа е почетокот, изворот и коренот на неискажливото добро, врвот и исполнувањето на сѐ свето.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Друго: