Матка, 20ти јануари 2019 лето Господово- манастир Успение на Пресвета Богородица

 

 

 

 

 

На 20ти јануари 2019 година, кога МПЦ ОА молитвено го просалави празникот на Собор на светиот  пророк, Претеча и Крстител Јован и во Неделата по Светото Богојавление, во манастирот Успение на Пресвета Богородица во месноста Матка, отец Ѓорѓи Каревски отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

   Старец Паисиј Светогорец

Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови.

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 Друго: