Скопје, 14-ти април 2019 год.- храм на св.пророк Илија

 

На 14ти февруари 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Sv.Trifun.jpg

Светиот маченик Трифун

Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир
и другите со нив

Преподобен Петар Галатиски

 

 

 

 Во триесериседмата   недела по Педесетница , на  14ти фавруари  2019 година,кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на +Светиот маченик Трифун; Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив; Преподобен Петар Галатиски;, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот  и Александар Брајановски  отслужи Божествена  Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет.

 

 

 


Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен. Без духот, срцето е слепо, лишено од управување. Затоа е потребно да се најде хармоничен однос меѓу духот и срцето, за да се организира, да се гради личноста во благодатта, бидејќи патот на единството не е бесвесен процес. Тој пат претставува постојана будност на духот, непрестаен напор на волјата.- Владимир Лоски

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: