На 09.06.2019 година, во седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци од првиот Вселенски Собор), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: Кумановско-осоговска епархија