Скопје, 16ти јуни 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

    Во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, на 16ти јуни 2019 година, во Неделата на светата Педесетница, кога го прославуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, а воедно  и роденденот на светата Христова Црква,старешината на храмот, отец  Трајче Петковски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и  ѓаконотите  Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи  Божествена Литургија.Бројниот  верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на  Литургија отецот  произнесе беседа за празникот на Педесетницата.

По Божествената Литургијата, свештенството на храмот отслужи вечерната Богослужба со читање на молитвите за призив на Светиот Дух.

 

 

Поука на денот: Владимир Лоски
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго: