На 17ти јуни .2019 година, на Втор ден Духовден, отец Горан Стојчевски  отслужи  Божествена Литургија во  манастирскиот компекс  посветен на Успение на Пресвета Богородица, во Матка.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

Поука на денот: Свети Јован Златоуст
Учениците Христови во присуството на Христос се насладуваа со неискажливи блага и за време на општењето со Него беа во голема благосостојба... Заради тоа, Он дозволи за кратко време да бидат лишени од силата која што им содејствуваше, за останувајќи без неа да разберат колку многу добрини им причинуваше Неговото присуство, и откако ќе го почувствуваат значењето на претходните добра, со уште поголема ревност да го примат и дарот на Утешителот. Светиот Дух и ги тешеше во нивната тага и ги озаруваше со Својата светлина кога тагуваа заради разделбата со Учителот... Така тие го слушнаа гласот Господов: „Одете и научете ги сите народи...“ (Матеј 28, 19), но уште не разбираа каде секој од нив треба да оди и во која земја треба да го проповеда Христовото учење. Тогаш Светиот Дух слезе во вид на огнените јазици одредувајќи секому од нив место каде треба да проповеда, и со дадениот јазик (како на некоја табличка) означувајќи го секому делот којшто му е доверен.