Скопје, 26.07.2019 год.-  храм Рождество на Пресвета Богородица

 

На 26-ти јули 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

arh.Gavril.S.jpg

  • Светиот Архангел Гавриил  
  • Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија
  • Преподобна Сара Мисирска

 

 

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.

Свети Нил Синајски

Молитвата е делото што му прилега на умот или подобро - таа е неговата вистинска употреба.

 

 

 

  

 Во петата недела по Педесетница, на  празникот на светиот Архангел Гавриил,свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија,Преподобен Стефан Саваит, Преподобна Сара Мисирска, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски во сослужение на ѓаконотт Методиј Митановски  отслужи  Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе слово од житието на св. Архангел Гаврил.

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 stefan.osvet6.jpg

Iverska.Portaitisa6.jpg

 

 Друго: