н.Нерези, 9ти август 2019г.- манастир на св.вмч.Пантелејмон

 

Глас трети:

Страдалниче светии лекаре Пантелејмоне моли

Го милостивиот Бог, да ни дарува прошка

на гревовите на нашите души.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат. Таа благодат ја учи душата на секое добро и ? дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух која што го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.