На празникот на светиот маченик Мамант и свети Јован Постник, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Лесново. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Митрополитот Брегалнички Иларион на Епископот Јаков му предаде дел од моштите на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, што претставува голем благослов за Струмичката епархија. Епископот Јаков му се заблагодари на Митрополитот Иларион од името на Митрополитот Струмички Наум.

 

Извор: МПЦ-ОА