логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 bozik2020 4

 

Објавено: 07 Јануари 2020

Слово (Божјо), Чијашто светлина му претходи на сонцето, и Кој дојде да им ставиш крај на гревовите, ѕвездата јасно Те покажа на Мудреците во една бедна пештера, Тебе Милостивиот, повиен во пелени. Тие, пак, видоа вистински Човек и Господ, радувајќи се“ (песна од канонот на Утрена на Рождество Христово - Божик).

 bozik2020 5

bozik2020 6

На 07.01.2020 година, на денот на светлото Христово Рождество - Божик, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски  и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата учество зеде неизброен верен народ, а во радоста на Рождеството Христово учествуваше и Неговата екселенција Претседателот на Р. Македонија, г-дин Стево Пендаровски со семејството. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното послание, испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со архиереите на МПЦ-ОА. Во продолжение истото ви го пренесуваме во целост.

 bozik2020 7

bozik2020 8

bozik2020 10

bozik2020 12

† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што се случило… (Лк. 2, 15)

Возљубени чеда во Господа,
Денес е денот на радоста, денот кога ја доживуваме вистината и убавината на нашата вера; ова е денот на добрата волја, денот кога Милостивиот Бог се понизил заради нас и заради нашето спасение, денот кога Миротворецот му подарил мир и помирување на човечкиот род и на светот… Денес, Оној, Кој ги создаде светот и човекот, станува Богочовек, се раѓа како човек, за човекот да го спаси.
Денес го прославуваме Божик, како и сите големи празници, за духовно да закрепнеме и духовно да се издигнеме, сеќавајќи се на големите настани од историјата на спасението. Црковните песнопенија на овој велелепен празник нè повикуваат со мислите да се пренесеме во онаа неповторлива ноќ во Витлеем, за да ги разбереме даровите од тој спасоносен настан за човечкиот род, за да ја разбереме богооткриената вистина – дека веќе не сме робови, туку постанавме синови, наследници Божји1. Со рождеството на Синот Божји дојде помирувањето со Бога и се објави тајната на спасението и благата вест за вечниот живот. Тој ден  е денот најавуван од старозаветните пророци2 и денот по кој копнееле старозаветните праведници. Затоа тој празник е мајка на сите празници и празник на исполнетото ветување3, кога Синот Божји ја објави тајната за Бога, но и тајната за човекот.


Возљубени чеда во Христа Спасителот,
Чудесната ѕвезда на небото и денес ги просветлува народите, приведувајќи ги кон богопознание, како што вели нашиот свети Климент Охридски4. Па да им се придружиме на ангелите околу витлеемската пештера и да Му ја запееме на Богомладенецот песната на мирот, надежта и добрата волја5, оти и денес народите имаат потреба од небесната порака, од евангелската љубов и од вечните, спасоносни дарови.


Христовото рождество е празник кој донесе небесна радост, а таа радост и денес ни порачува да празнуваме божествено и христијански, да празнуваме небесно и духовно, да празнуваме со радоста објавена од небото, со радоста што надминува сè и трае, зашто Бог го посети и го избави народот Свој 6.


Возљубени празникољупци,
Големината на Богомладенецот се огледува во Неговата скромност и во Неговото смирение, а скромноста и смирението се почетокот на сите добродетели. Со нив Бог дојде во светот: се роди во близина на малиот и непознат град Витлеем, и се роди во пештера! Тој, за Кого целата вселена е тесна, во пештера најде дом за Своето рождество и беше положен во јасли. Пештерата, „која беше како најпрекрасна палата“7, ги покажа Неговото неизмерно смирение и Неговата преголема долготрпеливост. Таа пештера и тие јасли постанаа место за поклонение не само на пастирите и на мудреците, туку и за многубројни богољубиви луѓе во изминативе дваесет столетија. Верата на пастирите и на мудреците остана пример и идеал за сите христијански поколенија. И ден-денес на Бога Спасителот Му се поклонуваат луѓе од сите народи и од сите краеви на светот. Но Бог не гледа на тоа кој е кој и кој од каде е, туку ги поттикнува и ги вреднува смирението и кротоста – добродетелите што и Самиот ги посведочи.


И покрај сиот дар, современото човештво е зафатено од најстрашната болест – себељубието. Денешнава генерација како да ги измени вредностите, па опстојувајќи во самољубието, го понижи смирението, а со таквиот однос не само што се отфрлени чесноста и побожноста, туку тоа ги нарушува и меѓучовечките односи. Денес сè помалку има човечност, а сè повеќе нетрпеливост и неразбирање меѓу луѓето и народите. Оттаму, во животот на луѓето гревот како да станува сè повеќе добродетел, а добродетелта како да станува непотребна и сè повеќе се вреднуваат минливите од трајните вредности. Со тоа денешниот човек сè повеќе се оддалечува од Бога и му робува на злото. Но доколку ги замениме себељубието и сите пороци, со дела на христијанската љубов, би можеле, и секој посебно и сите заедно, да ја доживееме Божикната спасоносна радост.


Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,
Најмногу од сè треба да сме Му благодарни на Бога, затоа што Му припаѓаме Нему, што сме Негови и што со Неговото име се именуваме. Бог, со Своето доаѓање во светот, го донесе спасителното благовесно слово и, со Својата спасителна жртва, ни покажа што е и каква треба да биде љубовта. Тој ни покажа дека љубовта се потврдува со жртва и дека кога љубиме не треба да очекуваме да ни се возврати, туку да ги љубиме другите - зашто тоа е евангелската заповед8.


Делата на љубовта, на верата и на надежта во Бога, се огледуваат во сите времиња и по сите места каде што опстојуваме како македонски богољубив народ. Насекаде низ Македонија светилиште до светилиште, крст до крст, манастир до манастир и сите украсени со потребната убавина… Така, во годината што претстои, ќе одбележиме голем и значаен црковен и национален јубилеј – 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. И, размислувајќи за овој милениумски јубилеј, заклучуваме дека и имаме со што да се фалиме пред другите, но и дека треба да имаме доволно одговорност пред ваквата милост Божја. Имаме прекрасни светилишта, кои се ненадминат дострел во уметноста и во архитектурата, по кои и светот нè препознава и се дел од нашата културна генеза. Тие се дело на нашите предци, но, за жал, голем дел од нив денес се заборавени и занемарени од надлежните институции. Непростиво е тоа што го создадовме и го запазивме во ропствата и при туѓите владеења, денес, во слобода и во суверена и независна држава, да го оставиме на негрижа и да го отуѓуваме. Впрочем, иднина имаат оние што се грижат за своето минато!


Треба да го чуваме тоа што ни е светост и посебност, да ја чуваме и живееме верата, да ги чуваме светињите. Всушност, да го чуваме тоа што нè определува пред светот како самобитни, што е нашиот идентитет – и духовен и национален! Да нe дозволиме како народ, некој во името на нас, сегашните, но и во името на нашите претходници, како и во името на тие сè уште неродените, со својата негрижа, или заради некоја друга цел, да го отуѓува или уништува нашето вековно дело. Но и да не допуштаме никој од нас да отстапува, да се откажува и да го споделува тоа што за нас е суштинско и свето.


Секој опстој е искушение и предизвик, па затоа само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава и со гласно – не. Силата не ја моли правдата, но моментите што го засегаат духовниот, културниот, историскиот и националниот идентитет на еден народ, не треба и не смеат да бидат отстапени или да се претворат во можност за компромис. Затоа неодложно ни треба обединување и национална стратегија. И ние како народ Божји имаме право да го живееме вечниот оптимизам што го дарува денес родениот Богомладенец – Кој за сите дојде, за сите да ги спаси.


Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,
Суштината на Рождеството Христово е во преобразувањето и во  остварувањето на целта на христијанскиот живот, а тоа е обожението. Треба постојано да растеме во Бога, да Го стекнуваме Светиот Дух и повторно духовно да се родиме. Бог не ни ветил живот без искушенија и без тешкотии, туку ни укажал дека само со живот исполнет со љубов, вера и надеж, ќе заслужиме спасение. – Кој го сака својот брат, тој е во светлина, рекол апостолот9, зашто во љубов­та кон ближниот се препознава и нашата љубов кон Бога10. Со верата во Бога, поткрепена со добри дела, ќе покажеме дека ја живееме Божјата вистина и сме подготвени на подвизи за верата. Зашто, како христијани, повикани сме и кон една надеж11 – надеж која спасува12.

Со такви пораки им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на светата Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот каде што нашиот богољубив народ Му се радува на Богомладенецот, празнувајќи го Божик во своите домови и во своите храмови.


Христос се роди!
Честито и од Бога благословено Новото Лето Господово!

 

†СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско–пелагониски и
администратор Австралиско–новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско–кичевски
и администратор Австралиско–сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско–канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско–гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско–осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Стобиски

На Божик, 2019 Лето Господово

 

1     Сп. Гал. 4, 6-7;

2     Ис. 2, 2-3; 9, 6; Ерем. 23, 5-6; Ез. 34, 23; Мих. 5, 2;

3     Сп. 1. Mojс. 3, 15;

4     Сп. „Слово за Рождество Христово“ во Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, поуки, житија, МПЦ, Скопје 2012, 259;

5     Сп. Лк. 2, 14;

6     Лк. 1, 68;

7     Тропар од Великата вечерна на Претпразненство Христово;

8     Сп. Јн. 15, 17; 13, 35;

9       1. Јн. 2, 10;

10     Сп. 1. Јн. 4, 7-8;

11     Еф. 4, 4.

12     Сп. Рим. 8, 24.

 bozik2020 13
bozik2020 14

bozik2020 15

bozik2020 16

http://www.dke.org.mk/index.php/3233-2020-01-07-10-53-05

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

22/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная