svaptimotej2020 2

„Извршувајќи ја свештената служба на Христовото Евангелие, од добродетелните височини, божествениот Павле со радост ти ги испрати боговдахновените посланија тебе, Тимотее, како на ученик, благовестејќи Го нашиот Бог, Кој е фален и е најславен“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).

 svaptimotej2020 3

На 04.02.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј, како и по повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а свештеникот Ѓорѓи Блажевски, со благослов на Митрополитот Тимотеј, искажа пофални зборови за светиот апостол Тимотеј и му го честита именденот на нашиот духовен водач и владика. Од името на свештенството, монаштвото и сиот верен народ од нашата света Епархија, му го честитаме именденот на Митрополитот Тимотеј, со молитви кон нашиот Бог Господ, уште многу години да го закрепнува во неговата благородна, но и тешка епископска должност, та преку неговите молитви и мудри совети, и ние, заедно со него, да одиме по патот Христов, по единствениот пат на спасението.

svaptimotej2020 4

На многаја лета, Високопреосвештени Владико!

svaptimotej2020 5

 svaptimotej2020 7

svaptimotej2020 8

 svaptimotej2020 9

svaptimotej2020 11

 svaptimotej2020 12

 svaptimotej2020 16

 svaptimotej2020 17

 Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3241-2020-02-04-10-51-14