3.angeli.so.truba

Скопје, 22ри февруари  2020 г.- храм на св.Петка

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

"Христијанинoт кoј вeрува и при најгoлeмата загуба нe трeба да oчајува.“

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

На 22ри февруари 20120 година, во Неделата на блудниот син, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на  Одание на Сретение во храмот на св.Петка, во Скопје се отслужи Заупокоена  Литургија. На Светата Литургија  верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.Во денешната беседа отецот не упати во Божјата промисла за важноста на молитвите упатени кон починатите, како и за Неговиот Домострој за спасението на сите.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Во овој ден божествените отци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените отци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.

Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

  Преминпортал (к.т.)

 

 

3.angeli.so.truba

Друго: