3.angeli.so.truba

Скопје,17ти мај 2020 година- храм на св.вмч. Димитриј

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 Во четвртата недела на Воскресение, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на  Светата маченичка Пелагија Тарсиска, Свeштмч. Силуан eп. Газски, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа, и протолкувајќи го денешното Евангелие.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

БЕСЕДА

Често пати, согледувајќи ја жалната положба на христијаните на нашиве простори, се прашуваме каде го оставивме изворот на животворната вода, во која пустина заталкавме? За жал, повторно се наоѓаме во бескрајната пустина на материјалното божество со жедна душа, барајќи ја оазата што сами ја напуштивме. Велам повторно, зашто веќе вкусивме од животворната вода и заминавме не гледајќи на назад. По сопственото заминување од кладенецот на живата вода, од изворот на животот, почнавме да талкаме по бездушната пустина создавајќи гревовни фантазии.
Оној Кој не напоил со жива вода, од која ние избегавме во пусти-ната на страдањето, преку пророкот Еремија вели: „Две зла изврши Мојот народ - Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода." (Еремија 2, 13). Вкусивме од водата на вечниот живот и го затрупавме изворот, го заборавивме; и не само тоа, туку секој си ископа нов извор, всушност, многу извори, повторно барајќи ја животворната вода.


Денес, сите ние, повеќе или помалку, го голтаме песокот на гревот сметајќи го за вода од животен значај. Откако ја изгубивме живата вода на вечниот живот наидовме на самољубие, и постојано ги наоѓаме раските во окото на ближниот. Од друга страна, пак, немаме одговор на сомилост и братско простување, туку тешка тупаница врз сопствената суета. Сето ова до таму не раздели што станавме вистински номади аматери во потрагата на единствената оаза во морето на безживотната пустина.(извадок)

   3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Преминпортал (к.т.)

 Друго:

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (31.03.2019)

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (10.03.2019)

 

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (01.08.2014)