Скопје, 24ти јули 2020 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 15:29-31

 

На 24ти јули 2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Светата великомаченичка Ефимија, Преподобниот маченик Никодим, Света Елена

 

 Во шестата недела по Педесетница, на  24ти јули 2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на Светата великомаченичка Ефимија, Преподобниот маченик Никодим, Света Елена, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот   Александар Брајановски  отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни.И во овој петок во храмот се отслужи Мал петочен водосвет.

 

 Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бога и Му благодари. Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.

 

 ФОТО  ГАЛЕРИЈА

 

 

 

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

3.angeli.so.truba

 

 

 

 

 

 

 

Друго:

 

Друго:

 

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 24ти јули 2020 лето Господово