За Преминпортал: Ратислав Кардалев

Во денешното Евангелие според Матеј (14, 22-34) Христос ги испрати учениците со кораб да минат на другата страна додека Он се искачи на планината за вечерта сам да се моли. Ноќта дојде Исус при учениците во коработ одејќи по морето. Петар по своја желба и на повик од Исуса, тргнува кон Исус исто одејќи по морето. Но одејќи по морето Петар се уплашува, почнува да тоне и провикува „Господи, спаси ме!“. Кога влегоа во коработ ветрот се смири, а учениците Му се поклонија сведочејќи „Навистина, Ти си Си Божји!“.


На редовниот синаксис после Литургијата отец Фотиј ги подтикнуваше присутните на размислување по прочитаното Евангелие. Слабоста на Петар е и наша слабост да опстоиме во загледаноста во Исуса Христа и уверено да го следиме Неговиот Призив.

  • IMGP5046
  • IMGP5047
  • IMGP5051
  • IMGP5056
  • IMGP5061
  • IMGP5064
  • IMGP5065
  • IMGP5066
  • IMGP5070
  • IMGP5075
  • IMGP5078
  • IMGP5084
  • IMGP5085
  • IMGP5088
  • IMGP5089
  • IMGP5096
  • IMGP5098
  • IMGP5105
  • IMGP5106
  • IMGP5112
  • IMGP5114
  • IMGP5121

Нивниот дијалог е краток. Христовото „Дојди!“ е охрабрување и за нас, за тебе дека можеш да ја надминеш материјалната ограниченост. „Барајте го најнапред Царството Божјо... а сето друго ќе ви се придодаде“ (Матеј 6, 33), подсетува о. Фотиј.


Карактеристика на апостолот Петар е дека е брз во делувањето, а кога ќе згреши брзо се кае. Така, денес Петар кој тоне го провикува судбоносниот крик на човештвото за сите времиња – „Господи, спаси ме!“.


Денес се охрабривме дека градејќи личносен однос со Човекољубецот Исус Христос, учиме што човек треба да прави во животот – како да бара дозвола, како да постапи и што треба да прави додека оди кон Бога ? Светиот апостол Петар ни е светол пример како и покрај сомнежот да вродиме со благословен плод.

[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=3RDD60ZsjnY[/youtube]